Реклама
Кафе муабет

КВИЗ ЗА ГОЛЕМИ ДЕВОЈКИ: Дали треба да се опуштите во односот со вашите пријатели

Реклама

Овој квиз ќе ви открие дали сте доволно флексибилни и опуштени во односот со вашите пријатели и саканиот, или треба да промените нешто во вашите навики…

1) Тргнати сте кон вашето омилено кафуле во Дебар маало каде треба да се најдете со една ваша пријателка. Станува збор за кафуле во кое работи момче кое ви се допаѓа, и со кое имавте една луда и незаборавна вечер, и токму во моментот  кога размислувате за него, ви се јавува вашата другарка и го менува планот. Таа сега вели наместо да се најдете во кафулето, да седнете во некој нов кинески ресторан. Вие одговарате:

Маркетинг

А. ОК. Може! Или што знам?! Многу сакам кинеска храна, но не знам дали сум гладна во моментов…
Б. Па… нешто не се чувствувам баш расположена за кинеска храна во моментов… Но, ОК, ако треба ќе јадам само ориз.
В. А, не! Не се договоривме така. Ти повторно ги менуваш плановите, а знаеш дека јас многу мразам така. Те чекам во нашето кафуле како што се договоривме, а Кинезите остави ги за друг пат.

2) Учите за испит, а вашата пријателка која има дете и која е самохрана мајка ви се јавува и ве замолува малку да го причувате. Вие ќе ја извршите должноста така што:

Маркетинг

А. Ох, шит, што треба да правам сега? Како ќе се снајдам јас со ова…
Б. Хмм.. уште ова ми требаше по напорниот ден што го имав, но ОК. Ќе стегнам заби и ќе го направам ова, сепак таа е мојата најдобра пријателка.
В. Ова не и е прв пат да ме замолува да и го причувам детето, ја разбирам, но јас навистина некогаш не сум расположена да бидам бебиситерка. Следниот пат ќе и го кажам тоа, а на крајот на краиштата, кој ја тераше да се плетка со тој…

 

3) Кога читате љубовни романи, вие најчесто се идентификувате со лик на девојка

А. Која е опуштена и релаксирана и нема никакви планови за својот живот.
Б. Девојки кои се алфа и омега во својот свет
В. Жена која знае да им каже на другите што и како да прават.

4) Кога сте излезени во некој клуб на журка вие најчесто

А. Разговарате со девојка која случајно ќе ја сретнете пред огледалото во тоалетот.. И ја оставате вашата другарка самата да се снаоѓа..
Б. Тивко ги озборувате сите останати со вашите најблиски пријатели.
В. Откако ќе ви го донесат пивото, влегувате во дискусија со вашиот партнер и со пријателите за актуелната политичка состојба во Македонија.

5) Вашето момче сака да ве убеди да земете слободен ден и да заминете во Банско на продолжен викенд. Вие му одговарате:

А. Само викенд? Ајде да одиме цела недела!
Б. Уф, баш сум во гужва .. но зошто па да не?!
В. За разлика од тебе, јас имам свои обврски кои морам да ги завршам. Не занесувај се многу, туку земи работи нешто…

АКО ИМАТЕ НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД А

Вие сте како вејка на ветерот, односно карактер кој сите го обожаваат!

Па како да не ве сакаат сите кога вие сте расположени за секоја нова идеја! Но затоа пак, другите лесно ве насочуваат кон нивната воденица и вие постојано слушате туѓи ставови, а не вашата сопствена интуиција. Време е да промените нешто, и наместо секогаш да им одите по ќефот на пријателите, понекогаш направете и нешто што вие сакате. Сепак, тоа не значи дека ќе ја растурите забавата, туку дека понекогаш и вие сакате да изберете место за кафе (А можеби и она момче од првото прашање е нестрпливо да ве види, никогаш не се знае, нели?).

АКО ИМАТЕ НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД Б

Флексибилни сте, но не во доволна мера!

Горди сте на вашата спонтаност, но кога ќе ве понесе струјата вие трчате со глава во ѕид. Сепак, кога со нешто не се согласувате, тоа значи дека не се согласувате, и треба да го кажете тоа и да објасните зошто е така. На пример кога вашата пријателка ќе го промени планот и во 5 до 12 ќе ви каже да се најдете во кинески ресторн, а вие и кажувате дека не ви се допаѓа идејата, а сепак веќе одите кон ресторанот, обидете се да објасните зошто не сакате да се најдете таму. Или ако вашето момче иснистира да заминете на Банско, а вие имате многу работа, едноставно одложете го патувањето за следниот викенд.

АКО ИМАТЕ НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД В

Крута како војнички шинел

Да бевте малку повеќе цврсти.. ќе бевте стомачните мускули на Бред Пит! Или како македонски мермер, ама не оној од барокните столбови на новите згради во Скопје. Вие сте самосвесна девојка, доследна на своите принципи,  но кога пријателките или саканиот ќе ви предложат нешто што не е достојно за вашите стандарди, наместо да бидете критички настроени и секогаш лошо расположени, обидете се да бидете малку пофлексибилни!

Едноставно, кога ќе ви кажат дека треба да оладите, тоа не значи дека треба да ја вклучите климата. Ниту пак да преминете во офанзива , нели? Едноставно понекогаш обидете се да искулирате за некои работи кои не ви се допаѓаат, но поради кои нема да биде крај на светот.. ниту пак ќе ги решат проблемите!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button