Реклама
BEAUTYНокти

Дали сте слушнале за јапонски маникир?

Реклама

Што всушност е тоа јапонски маникир? Основата на овој маникир е сосема класичен кај кој ноктите најпрво правилно се турпираат. Кожичката се поместува или по желба се отстранува. Потоа почнува посебниот дел.

ФОТО: amazon.co.uk

Два битни елементи се минерална паста и мешавина од пчеличен восок во облик на пудра со кој се масираат ноктите. Минералите ги негуваат и ги хранат ноктите и така ги зајакнуваат. Восокот служи за тоа да ги обложи ноктите и да ги доведе до полн сјај. Притоа, не се користи лак за нокти. Лакот всушност нема ни да се задржи на восокот.

Јапонскиот маникир трае околу еден час. За да добиете совршен резултат, посебно кај кршливите нокти, маникирот мора да се повторува две седмици, додека не забележите подобрување на ноктите.

Маркетинг

Зошто се препорачува јапонскиот маникир?

Првите резултати од овој маникир се брзо видливи. Може многу брзо да се спасите од кршливите нокти и апсолутно се препорачува, но сепак, многу жени во почетокот првествено се откажуваат поради тоа што на ноктите не можат да нанесат лак. Меѓутоа, брзо се согледува дека тоа не е некој голем проблем, зашто ноктите сјаат поради восокот, многу се убави и делуваат како да сте нанеле проѕирен лак.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button