Реклама
Култура[тор]

Дали Штип ќе го приреди најголемиот моден настан во Македонија?

Реклама

Од 26 до 29 септември Во Штип ќе се одржи премиерното издание на манифестацијата Денови на мода Штип 2013.

Маркетинг

На прес-конференцијата која се одржа минатата недела, градоначалникот на Штип прим. м-р Илчо Захариев, во присуство на преставници од реномираните штипски модни куќи, зборуваше за манифестацијата која треба да го претстави Штип како град на модата и модната индустрија во Македонија генерално.

„Ова е настан со кој Штип треба да се промовира во град на модата, имајќи во предвид дека постојат мноштво на модни конфекции, кои се претставници на модната индустрија во Македонија.“ – изјави за медиумите градоначалникот на Штип, Захариев.

Во прилог на ова, Вишна Шорова-Ангелова, како главен организатор на манифестацијата, вели дека во деновите од 26 до 29 септември, посетителите ќе имаат шанси да видат плејада од настани, од самите ревии па се до презентација на модните куќи и организиран шопинг на облека по пониски цени.

Маркетинг

За подетални информации околу овој настан поразговаравме токму со госпоѓата Шорова –Ангелова која подетално ни ги објасни планираните активности во склоп на оваа модна манифестација.

Како се роди идејата за Модните денови во Штип?

Идејата се роди од потребата да се истакне текстилната индустрија како водечка гранка во општина Штип и истата да се поддржи како главен двигател на локалниот економски развој. Освен тоа, комуникацијата со бизнис секторот посочи дека времето за организација на моден настан во Штип е созреано и дека ова е вистинскиот момент за промоција на локалните брендови, поддршка на компаниите кои произведуваат сопствени модни парчиња, но и поттик за останатите да почнат да размислуваат за сопствено производство, кои би го пласирале не само на домашниот, но и на странскиот пазар.

Кои е вашите очекувања од овој настан?

Ние сме на почеток на еден проект за кој планраме да биде традиционален и од догодина да се случува два пати годишно. Оваа година очекуваме голем интерес од страна на купувачите и потенцијалните партнери, затоа што понудивме програма богата не само со тренди и младешки настани, но и попусти во продавниците на учесниците до доцните ноќни часови, како и можности за развој на компаниите, со помош на потенцијалните европски фондови. Тоа значи дека целата програма е погодна за сите генерации, партнери и слично, но најмноги за мегаломаните, купувачите, потрошувачите, кои ќе ги задоволиме преку „fashion“ линијата во петок и сабота. Ќе има автобуси кои на секои два часа ќе се движат од центарот на градот кон продавниците Астибо Бејзик, Гламур, Албатрос, Астибо Беас, Дизајн-с, Линеа и Баргала.

Како беше прифатена идејата од текстилните конфекции и колку од нив се приклучија на настанот?

На почетокот сите компании беа соочоени со предизвикот дали скептично да и пријдат на идејата Fashion Days Shtip 2013 или да се впуштат во проектот со ентузијазам. Меѓутоа, откако направивме неколку средби, разговаравме за можностите, но и за концептот кој го планираме, сите беа позитивно изненадени од можноста која им ја понуди општина Штип и со задоволство доставија апликации за учество на првите денови на мода во Штип. Оваа година имаме само 8 компании и Универзитетот Гоце Делчев од Штип, кои несебично помогнаа во реализацијата на настанот, но сигурна сум дека од идната година на настанот ќе земат учество многу повеќе компании не само од Штип, туку од целата држава.

За сите што ќе се одлучат да го посетат настанот, госпоѓата Шорова-Ангелова го појасни деталниот распоред на планираните активности и случувања:

„Отварањето ќе се случи на градскиот плоштад во Штип, на 26 септември, за кога и се предвидени двете клучни ревии. Вториот ден е наменет за разгледување на конфекциите како и специјален шопинг по многу намалени цени. Целиот ден ќе има бесплатни автобиси кои ќе ќе ги носат заинтересираните до модните конфекции, а ќе има и активност која е наречена fashion walking tour во која манекенки и манекени ќе ги прошетаат заинтересираните низ продавниците на учесниците и ќе им ги престават модните куќи и конфекции. Покрај ова, во текот на вториот и третиод ден, предвидени се и ревии на секоја од учесничките на настанот. Специјално изненадување за посетителите ќе биде и ноќниот шопинг и забава со ди-џеи за помладите посетители.“

А сега погледнете како течат подготовките за овој настан, кој треба да прерасне во еден од најголемите модни случувања во земјава.

Поврзано

Back to top button