Коса

Дали ќе ви стои црвена коса?

Црвената боја на коса има многу нијанси, од онаа светло црвена нијанса каква што е на пр. косата на султанката Хурем, па се до црвената боја каква што и беше на Ријана пред извесен период.

 

Токму затоа пред да станете„ жешка огнена стихија“, обидете се да го изберете тонот кој најмногу ќе одговара на вашиот изглед. Еве неколку совети за тоа:

 Која е вашата природна боја? 

Не обидувајте се да преминете во црвенокоси доколку имате светла руса коса. Во овој случај многу лесно можете да излезете розе, а тоа во моментот не го сакате, нели? Исто така треба да ја избегнувате црвената боја доколку вашата коса е многу темна, бидејќи во најдобар случај вашата боја ќе трае три недели, а за црните корени воопшто и да не зборуваме.

 Тен 

Доколку имате светол тен, било која нијанса на црвенкаста боја одлично ќе ви стои (впрочем каков што е и тенот на султаната, нели?) Но, доколу имате потемен тен, тогаш воздршете се од портокалови бои, бидејќи со нив вашиот тен може да стане беживотен и сив. Во таквиот случај многу подобро е да одберете некоја потемна, борда варијанта која е на самата граница со смеѓа коса.

 Боја на очи 

Топлите бакарни нијанси одлично одговараат со зелени и очи во боја на лешници, додека постудените нијани на црвената боја, одговараат со сини очи и на порцеланскиот тен.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button