Реклама
MAMAКафе муабет

Дали ќе станеме подобри личности после пандемијата со короната?

Реклама

Дали откако ќе помине сето ова, повеќе ќе умееме да го цениме своето здравје? Дали откако ќе помине короната ќе бидеме подобри луѓе, повеќе ќе ги почитуваме другите и повеќе ќе им помагаме?

ФОТО: nohat.cc

Страшните животни ситуации не’ тераат да даваме многу ветувања само да испадне се’ во ред. Секојдневно слушаме вести кои не’ погодуваат, се грижиме за своето здравје, се грижиме за состојбата и здравјето на нашите најмили. Но, дали ова ќе трае само додека трае пандемијата, додека во срцето имаме страв, немир и неизвесност?

Важно е да развиеме поголема самосвест. Оваа ситуација треба да не’ потсети колку е вреден животот. Коронавирусот ни носи нови животни лекции од кои сите треба да извлечеме одредена поука. Секогаш треба да си подаваме рака еден на друг, да веруваме во своите способности и да помагаме секогаш кога сме во можност.

Маркетинг

Оваа несреќа ни се случува за да сфатиме колку сме ранливи, а истовремено колку сме силни кога сме заедно. Да не дозволиме ова да биде минливо. Што побргу да ја оставиме несреќата зад себе, па да продолжиме понатаму, да се родиме како нови личности кои ќе умеат да согледат колку е убав животот. Откако повторно ќе се родиме, да се обидеме да создадеме свет полн со вредности кој ќе му го оставиме на нашите идни генерации!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button