Букет со свежи цвеќиња е совршен подарок: Одберете го вистинскиот цвет според хороскопските знаци
Вагите се познати по нивната пребирливост, големи естети се, имаат истенчен вкус и големи барања. Уживаат во нијансите на сината, зелената, сивата и розова боја, како и во силните тонови на жолта и црвена боја.
Скорпиите се познати по своите моќи и нагласени страсти. Ако поклонувате цвеќе на скорпии,нека биде тоа гербери, божур, црвени ружи, кактус, гардении, огромни букети хризантеми и диви каранфили.
Брзи и секогаш со бистар ум – астролошки профил на родените во знакот близнаци>>>
Стрелците се дарежливи, со отворено срце и големи индивидуалци. Ако одбирате цвеќе за нив, нека биде тоа нешто префинето, бидејќи тие тежнеат кон совршенство. Полн погодок за огнените стрелци се големи цветни аранжмани како филадендрон или бонсаи дрвце.
Јарците сакаат класични, елегантни, децентни мириси кои им одговараат на нивната рафинирана и елегантна природа. На ист начин одбираат и бои и сакаат дискретни тонови на кафена, сина, зелена и жолта боја. Омилени цветови му се бршлен, дрво на животот, камелии, магнолија, јоргован, јасмин и ружи.
Водолиите се уникатни во се, боеми, бунтовници, креативци со бројни интереси. Ретко се случува да купат ружи или да ги одгледуваат дома. Сакаат гладиоли, лалиња, орхидеи, папрат, ирис и кали.
Риби, никого не остава рамнодушен. Му одговараат заводливи, мирисни ноти, длабоки како и нивниот внатрешен живот. Омилено цвеќе им е калина, љубичица, ирис, багрем, липов цвет и орхидеи.