Реклама
Стил

Северина со високите чизми од Баленсијага предизвика вистински хаос на Инстаграм

Реклама

И Ким Кардашијан и Кендал Џенер ги обожаваат овие чизми

Познатата хрватска пејачка деновиве го објави спотот за песната „Као“ со која ги освои срцата на публиката од целиот регион. Нејзиниот стајлинг во спотот беше оригинален како и секогаш, а интересна расправа предизвика со нејзините скапоцени чизми од Баленсијага.

Маркетинг

„Баленсијага е живот. Новите чизми убаво се „селат“ за во спотот“ – напиша Севе под фотографијата на која што ги носи чизмите од познатиот моден бренд во комбинација со преубав фустан со цветен дезен.

Маркетинг

Таа со овие чизми „заработи“ пофалби од еден нејзин обожавател кој и го напиша следниов коментар. „Balenciaga Pre-Fall 2016 – вистински погодок Северина, секогаш го избираш она најдоброто. За разлика од некои кои се занесуваат и носат демоде парчиња од Balmain од 2015, а се фалат со нив како вчера да се појавиле на пазарот! Браво“ – пишуваше во коментарот, но не требаше многу да помине за да се појави интересниот одговор од една девојка која најверојатно многу добро ги познава колекциите на модниот бренд Balmain.

„Што се однесува до минатите колекции воопшто не си во право. Денес се бараат минатите колекции и се популарни. Се занимавам со висока мода и многу добро знам за тоа. Фустанот од Balmain со бисери што го носеше Ким Кардашијан невозможно е да се најде и моите клиенти се подготвени да платат огромни пари за него. Одредени дизајнерски парчиња се купуваат, се држат во плакарите, можат да се облечат и за десет години додека сите околу тебе ти завидуваат бидејќи такво парче повеќе НЕ може да се најде“ – напиша оваа корисничка на Инстаграм додека останатите се приклучија во дискусијата. Инаку чизмите од споменатата колекција на модната куќа Баленсијага беа омилени и на Ким Кардашијан и нејзината сестра Кајли Џенер, само што тие за себе избраа висок модел кој досега до бутините.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button