Реклама
Новости

Чудовиштето од Аушвиц, Марија Мандел – уживала во најсуровите „забави“ и експерименти со жените, се „разнежнувала“ на музичарките

Вниманието на светот денеска е свртено кон Аушвиц-Биркенау по повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на овој нацистички логор во Полска. А, ние се сеќаваме на најсуровата жена меѓу нацистите, ѕверот или чудовиштето од Аушвиц, Марија Мандел, која истребила над половина милион затворенички во логорите на смртта. 

Реклама

Суровоста и цинизмот на нацистката Марија Мандел ги шокираше мажите, но таа беше позната и како „сентиментална“ зашто била вљубеничка во класичната музика.

Марија Мандел, една од најозлогласените нацистички службеници, е родена во 1912 година во Австро-Унгарија, во семејство на чевлар. Ништо во животот на младата Марија не навестуваше дека обичната германска девојка ќе стане чудовиштето од Аушвиц, како што подоцна беше наречена, шефица на концентрационен логор, чија суровост и цинизам ќе ги шокираат дури и мажите.

Маркетинг

Мандел завршила основно училиште, си нашла работа, се однесувала нормално, како и секоја жена од средната класа, но сè се сменило во 1938 година.

Во март, германските трупи ја окупираа Австрија, а во април беше одржан референдум во двете земји, на кој што повеќе од 99% од населението гласало за обединување на двете држави.

За амбициозната русокоса Марија, која целосно ги споделувала националсоцијалистичките идеали, дојде време на големи можности.

Марија се преселила во Минхен, а есента си нашла нова работа – чуварка во женскиот логор во Лихтенбург, еден од првите нацистички концентрациони логори.

Таму беа испраќани политички затвореници, хомосексуалци и криминалци.

Во мај 1939 година, кампот беше преместен на север од земјата, во Равенсбрук. Таму, Марија се приклучи на владејачката Национал-социјалистичка партија, стана офицерка на СС, потоа се искачи на функцијата виш управник – генерал, и се покажа себеси во очите на претпоставените од најдобрата страна.

„Ефикасна менаџерка“

Нема детални информации за овој период од кариерата на Мандел, бидејќи подоцна таа ќе биде судена исклучиво за нејзината работа во Аушвиц.

Познато е дека Марија управувала со секојдневниот живот на затворениците, била одговорна за нивната работа и им одредувала казни на оние што мислела дека грешат.

За време на нејзината „работна активност“, бројот на затвореници се зголемил од 900 на 10.000 луѓе; Неколку илјади (можеби десетици илјади) биле убиени. Во овој период не се споменува посебната суровост од страна на Мандел; Таа била опишана како исклучително уредна и ефикасна „менаџерка“.

Меѓутоа, на крајот на летото 1942 година, се случил мал инцидент. Шефот на полскиот логор Аушвиц, Јохана Лангефелд, го оштетила менискусот и требала да оди на операција. Таа изразила желба да се лекува и да се опорави во нејзината татковина, Германија.

Управителите на концентрациониот логор направиле реконструкција: ја испратиле Лангефелд во Равенсбрук, а Мандел во спротивна насока, од Германија во Полска.

На 7 октомври 1942 година, таа ја започнала претпоследната работа во нејзиниот живот: управување со целата обемна економија на женските кампови во Аушвиц-Биркенау. Според сеќавањата на затворениците, по релативно хуманата Лангефелд, Мандел изгледала како вистинско чудовиште.

Шефица на концентрациониот логор

Според историчарите, за време на двегодишната работа на Мандел во концентрациониот логор Аушвиц, загинале најмалку четиристотини илјади жени: 500 дневно.

Таа беше обвинета за тортура, медицински екпериментирања врз жени, „пуштање“ кучиња врз затвореници и многу други злосторства. Мандел беше наречена „ѕвер“, „чудовиште“, „хиена од Аушвиц“, „волчица на Фирерот“.

Но, иако вистински уживала во измачувањата, повеќе од сè на светот, шефицата со сиво-зелени очи и лице на селанка, ја сакала музиката.

Оркестарот составен од затворенички што таа ги избрала стана легендарен: весела музика ги придружуваше затворениците од Аушвиц и по пристигнувањето во логорот и на патот кон гасните комори.

На почетокот се обидела да го направи оркестарот „расно комплетен“, но меѓу полските затворенички немало добри музичари, па морала да регрутира Еврејки.

За разлика од животот и работните обврски на другите затворенички, животот на ангажираните во оркестарот бил релативно лесен (им било дозволено дури и да носат долна облека!), но нивната работа значела и чест контакт со управничката на логорот и секој разговор се заканувал да биде последен. Сепак, повеќето од членовите на оркестарот преживеале; на судењето заслугата за ова ја презела Мандел.

Сурови забави

Мандел уживала во изборот на затвореници кои ќе бидат испратени во гасните комори. Таа особено уживала да „работи“ со деца. Во своите мемоари, париската кабаре-пејачка Фанија Фенелон раскажува како, откако транспортот луѓе од Полска пристигнал во кампот, мало момче истрчало од редот на луѓе кои чекале да им се одлучи за нивната судбина.

Момченцето едвај можело да оди, но се упатило кон Марија Мандел, која била позната по својата особена суровост кон жените со мали деца. Таа не го убила веднаш детето, туку – на изненадување на сите – внимателно го земала во раце и го однела со себе. Мандел го облекла детенцето во убава облека и го носела секаде со себе.

Но, по пет дена момчето исчезнало. Забавата со него ѝ станала здодевна, и само со еден потег на пенкалото на Мандел, детенцето било ставено на листата на смртта.

принтскрин Јутјуб

Да живее Полска

Во ноември 1944 година, потполковникот Мандел била префрлен во Германија, во логорот на смртта Дахау.

Во мај 1945 година, сфаќајќи дека војната е изгубена, се обидела да се скрие во родната Австрија. Таткото, сепак, ја напуштил својата ќерка, плашејќи се од одмазда.

Марија до август ја криела нејзината сестра, но подоцна Американците успеале да ја најдат и приведат поранешната управничка. На крајот на 1946 година таа беше предадена на полските власти.

Бидејќи логорот се наоѓал на полска територија, неговите водачи биле судени во Краков. Врховниот национален трибунал осуди 23 обвинети, меѓу кои и Мандел, на смрт (двајца добија доживотни казни), шест на доживотен затвор, седум на 15 години затвор, возачот на пет години, еден од чуварите на три години – и само докторот Ханс Минх беше ослободен.

Јохана Лангефелд успеала да побегне пред да ѝ биде изречена казната и, благодарение на тоа, доживеала длабока старост. Се вели дека ѝ помогнале полските чувари кои се сеќавале на нејзината хуманост и ја ценеле како поранешна управничка – особено во светлината на злосторствата на Марија Мандел.

принтскрин Јутјуб

Нејзината директна вмешаност во истребување на повеќе од половина милион затворенички во концентрационите логори е докажана.

На 36-годишна возраст Марија Мандел беше обесена во Краков на 24 јануари 1948 година. Последните зборови на Мандел беа „Да живее Полска“ – можеби како слаб обид да се сожали џелатот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button