Смелете ги колачињата „орео“ во блендер.
Трошките мешајте ги со 120 г стопен путер сè додека не станат рамномерно масни. Истурете ја смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди. Ставете го калапот 10 минути во замрзнувач.
Состојки:
36 колачиња „орео“
240 г путер, поделени
140 г кафеав шеќер
300 г слатка хопла, поделена
350 г темна чоколада на парчиња
Во мало тенџере измешајте ги останатите 120 г путер со кафеавиот шеќер. Гответе на средна температура, постојано мешајќи, додека смесата да почне да пушта меурчиња. Продолжете да готвите, постојано мешајќи, уште 1 минута. Тргнете го од рингла. Полека додавајте 60 мл слатка хопла и мешајте додека да се изедначи смесата. Оставете ја карамелата да се олади околу 15 минути. Истурете ја карамелата врз подлогата од „орео“, а потоа вратете го калапот во замрзнувач на околу 30-45 минути додека само да се олади и зацврсти. (Не треба карамелата целосно да замрзне.) Ставете ги парчињата чоколада во стаклен сад. Во тенџере ставете ги останатите 240 мл слатка хопла и доведете ја до пред вриење на средно висока температура. Прелејте ја жешката хопла врз парчињата чоколада и оставете ги така 5 минути, а потоа брзо матете додека смесата целосно да се изедначи. Полејте ја чоколадата врз карамелата и ставете го калапот во замрзнувач уште само 30 минути, додека да се олади и зацврсти. (Или ставете го во обичен фрижидер, покриен, додека не биде подготвен за послужување.)
Пред послужувањето, одозгора наросете трошки морска сол. Чувајте го колачот во фрижидер покриен и служете го разладен!
На здравје!