Кафе муабет

Како да препознаете дали честите расправии со вашиот партнер се знак дека треба да раскинете?

Advertisement

Несогласувањата и честите караници понекогаш можат да ги нарушат односите дури и на парови кои неизмерно се сакаат.

Advertisement

Постојаните критики и пасивно-агресивните техники на искажување незадоволство создаваат емотивен хаос во врската и ги разнишуваат темелите врз кои таа е изградена. Факт е дека секој пар понекогаш доаѓа до конфликти и тоа е сосема нормално. Понекогаш караницата е само караница и лесно може да се надмине. Но, во други случаи таа е огромен показател дека нешто не е во ред во врската и дека треба да раскинете. 

„Ако партнерите никогаш не се караат, или имаат неверојатно многу среќа или не комуницираат како што треба“, додава доктор Дардашти. Доколку сте седнале и сте го сослушале партнерот, но сепак не сте успеале да најдете решение, можеби треба да размислите која е поентата да останете во врска. Постојат некои знаци на предупредување кои сигнализираат дека не сте еден за друг и дека караницата ќе води кон раскинување. Насилството, употребата на навредливи зборови и омаловажувањето се знаци дека на врската ѝ дошол крајот. Но, ако постои некоја хронична караница која се повторува и никако не можете да најдете решение, постои можност да ја спасите врската ако размислите правилно.

Advertisement

За да одредите дали хроничната караница е причина за раскинување, треба да се запрашате дали се чувствувате лошо кога поминувате време со партнерот. Ако поголемиот дел од времето сте тажни и лути, наместо да бидете среќни и задоволни, тогаш можете да почнете да размислувате околу тоа да ја прекинете врската.

На крајот на краиштата, доколку постојано се навраќате на истиот проблем без да постигнете никаков напредок, решение или промена, а и двајцата веќе немате идеја како да ги надминете потешкотиите што се јавиле во врската, можеби е време да размислите дали воопшто сте среќни заедно. Сепак, доколку и двајцата подеднакво сакате да најдете решение за проблемот, тогаш дефинитивно вреди да продолжите да се борите за врската.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button