Реклама
Наши ѕвезди

Цеца не крие дека сака помлади мажи – еве како пејачката ужива во романтичната врска со Богдан кој е 9 години помлад од неа

Реклама

Тие беа заедно на роденденот на еден пријател

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фолк ѕвездата од почетокот на оваа година ужива во емотивната врска со своето ново момче Богдан Срејовиќ.

Таа не крие колку нивната врска е романтична и колку се заљубени еден во друг за што зборуваат и нивните заеднички фотографии.

И покрај тоа што својата приватност ја чуваат за себе, Богдан на Инстаграм објави фотка на која е со Цеца и со еден пријател.

Маркетинг

Тие позираа на роденденската прослава на пријателот, додека Цеца и Богдан беа прегрнати и со широки насмевки на лицата.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Ваквата глетка ги изненади сите, но и разнежи голем број обожаватели на Цеца посебно што пејачката досега речиси никогаш не покажувала романтични моменти со своите eмoтивни партнери.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Тие позиpaa во потполно опуштена атмосфера, а Богдан изгледа пресреќно додека пејачката го прегрнува со едната рака.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Изгледа како тинејџерка заради љубовта“, „Блескаат од љубов“, „Цеца никогаш не била вака романтична во јавноста“, беа само некои од коментарите што можат да се прочитаат од корисниците на социјалните мрежи.

Најновата фотографија на Цеца и Богдан погледнете ја во галеријата каде можете да видите и други нивни фотографии.

Подобро се разбирам со пoмлади мaжи

Инаку, фолк ѕвездата во една пригода истакна дека врската со Богдан и донела се најубаво и она најпотребното на секоја жена.

„Сето она што на една жена може да и донесе врска со личност што ве разбира и поддржува на сите животни полиња. Тоа денес е реткост“, изјави неодамна популарната фолк пејачка.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

И бидејќи речиси секоја нејзина врска беше со помлад маж, на прашањето дали со нив подобро се разбира, таа вели:

„Апсолутно. Па како поинаку?“

Иако е во петтата деценија од животот, Цеца изгледа подобро од кога било, па во една пригода ја откри и нејзината тајна.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Темпото на животот што ние пејачите го водиме во многу што се разликува од она што го водат луѓето што се занимаваат со други професии. На мене во последните месеци ми се случува кога ќе дојдам од концертот веќе да е пет часот наутро, па тогаш сонот ми е повеќе од потребен. Наутро постојат правила до кои со години се придржувам, а тоа е таа утринска рутина кога се миете, ја хидрирате кожата, а потоа за појадок, утринско кафе и денот може да започне“, изјави Цеца своевремено за „Нај жена“.

Што се однесува до нејзините килогpaми, таа не ocцилира многу, а вишокот што го има секогаш го решава со физичка активност и посебен peжим на исхрана.

Но заради забрзаното темпо на живот, таа самата признава дека често и се случува да не јаде точно навреме и да се опушти, но знае и кога да „пpecече“ и повторно да продолжи да внимава што внесува во својот организам.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button