„Секое утро ние повторно се раѓаме“ – Мудри мисли кои ќе ви го променат начинот на живеење
Зборовите на Буда имаат моќ да поттикнуваат дејство и будење во многуина од нас, иако живееме во многу различно време од неговото.
Буда живеел и проповедал на територијата на денешна Индија некаде помеѓу 6 и 4 век п.н.е и неговата филозофија се проширила во нешто што денес го знаеме како Будизам.
Еве неколку за страдањето, живеењето, лутината и егото од Буда.
Приврзување и страдање
„Можеш да го изгубиш само она на коешто се држиш.“
„Болката е сигурна, страдањето е избор.“
Лутината
„Држењето на лутина е како да држите жежок јаглен со намера да го фрлите на некој друг, но вие сте тој што на крај ќе изгори.“
„Држењето на лутина е како да пиете отров и да очекувате дека другата личност ќе умре.“
„Нема да бидете казнете заради вашата лутина, ќе бидете казнете од вашата лутина.“
За задоволството и среќата
„Насочете го вашето срце кон добри дела. Правете го тоа одново и одново и ќе бидете полни со задоволство.“
„Среќата не зависи од тоа што имате или кои сте вие, таа се потпира само на тоа што мислите вие.“
„Среќата доаѓа кога вашата работа и зборови се од корист за другите.“