Реклама
BEAUTYДиети

Мали промени во секојдневните навики може да ви бидат од голема корист: Брзи трикови за слабеење кои може да ги применува секој

Реклама

Понекогаш не треба да гладувате со месеци за да ја постигнете посакуваната тежина. Добро е само да јадете помалку и да вежбате повеќе. Покрај тоа, постојат и некои мали секојдневни навики, за кои вие самите и не сте свесни, но менуваат многу кога е во прашање вашето тело. Еве што е препорачливо да практикувате за да внесувате помалку калории.

1. Пијте сок од моркови. Една чаша природен цеден сок од морков ќе ви помогне во тек на 12 недели да изгубите 2 кг повеќе од лицата кои се на истата диета, а не пијат сок од моркови.

Маркетинг

2. Додека вежбате слушајте музика. Музиката ќе ви даде додатна мотивација за вежбање.

3. Вежбањето наутро помага во побрзо согорување на мастите, бидејќи вашето тело е приморано да троши од насобраните резерви.

Маркетинг

4. Вареното јајце е идеален појадок. Богато е со хранливи состојки, а има малку калории.

5. Исклучете го телевизорот додека јадете. Се смета дека гледањето ТВ за време на оброците го зголемува внесувањето на храна, како и телесната тежина за околу 3,5 кг годишно во просек.

6. Јадете црвена пиперка, таа содржи супстанца која го поттикнува метаболизмот.

7. Гответе. Готвењето согорува калории и ви овозможува контрола над состојките кои ги користите. Но, никако не грицкајте додека го приготвувате оброкот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button