Диети

Лесна но ефикасна диета со салати!

Реклама
Реклама

Да, до сега воглавно објавувавме брзи диети и некои од вас со право се запрашаа:А што е со нас кои не сме толку по брзите планови, по малку сме мрзеливи, не памтиме најдобро по толку многу правила и не мораме толку бргу да ги отстраниме килограмите – важно е да започнеме.“

salatadiet1

Маркетинг

Епа тогаш оваа диета е вистинскиот избор за вас. Нити ќе се мачите нешто претерано, нити ќе гладувате, ништо од тоа! Значи зборуваме за Салата диета – за чиј опис се доволни само пар реченици.

Од сите диети, Салата диетата е најверојатно најлесна за учење и прифаќање. Таа се заснова на две основни идеи, едната е доколку сакате да изгубите тежина, морате да ги замените висококалоричните оброци со такви со помалку калории, а другата е со вклучување на салатите во своето мени, можете лесно да го намалите внесувањето на калории на дневна база.  

salatadiet3

Маркетинг

Ова не е брза диета!

Применувајќи ја оваа диета, најверојатно ќе агубите некаде помеѓу 1.5 и 3 килограми месечно (или, да ве мотивираме – тоа е некаде од 18 до 36 килограми на годишно ниво!). колку ќе загубите во голема мера зависи од вашите дневни внесувања на калории, кои се засновани на полот, староста, висината, тежината и секако секојдневните активности.

salatadiet2

Како се практикува оваа диета?

Еден од добрите елементи на програмата на ова диета е дека не постојат многу работи за паметење. Во суштина, може да започнете од тоа да вклучувате најмалку 3 салати неделно. Со нив ги заменувате редовните оброци кои инаку ги јадете. Со тек на време работете на тоа да го зголемете бројот на салати неделно, додека не стигнете до тоа да јадете барем еднаш дневно по една салата како оброк. Дополнителна корист од салата диетата е дека можете да го намалите нивото на холестерол, како и зголемениот крвен притисок.

Кога ја пратите Салата диетата, вие се прилагодувате на многу едноставен план за диета во кој не мора да се изгладнувате. Наместо тоа, едноставно фокусирајте се на јадење повеќе салати, кои по својата природа имаат помалку калории, а со самото тоа и вашето тело има помалку калории на располагање за трошење, па мора малку да ги ’побара‘ со помош на залихите кои сигурно ги имате (инаку не би го читале овој текст).

Уште една работа за оваа диета е што помага во намалувањето на пржена храна и производи со големо количество на шеќер кои ги јадете. А и да не споменуваме – за една просечна салата е доволно десетина минути за припрема.

Идеалните салати кај оваа диета се оние од овошје и зеленчук, но во почетокот тоа не треба да ви биде ограничување – слободно можете да користите и сирење, по некое јајце, туна – за да полесно се привикнете на заменетиот оброк. После тоа – идеална салата е гооолема салата од различен зеленчук – од сите бои!

salatadiet4

Сé на се, ова е идеална диета (може ли така да се нарече?) за периодите кога не ви е дошло да спремање на комплицирани јадења или кога имате премногу други обврски, или пак едноставно сте – мрзеливи! Ова е и една од ретките диети која нема никаква контраиндикации и сите можат да ја применуваат без никакви проблеми!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button