Естрадна вojна меѓу Лепа Брена и Дара Бубамара – тие веќе со години не зборуваат, а сега исплови и причината за нивната кaвгa!

Ова никој не го знаеше досега!

Дара Бубамара е во лоши односи со својата некогашна пријателка Лепа Брена, а дека ситуацијата е толку сериозна може да се забележи и по тоа што пејачките се избегнувале на луксузните локации во Монте Карло. Тие и двете во изминатиот период престојуваа во Монако, но ниту еднаш не се сретнаа и постојано ги ескивира средбите.

Нивниот проблем трае веќе со години заради нерасчистени сметки, а последниот ескалираше по концертот на Брена во Арена 2018, кога Дара тогаш ја нападна својата колешка дека ја ископирала, што беше шок и навреда за неа. И како некој што себеси се смета за голема ѕвезда, и беше под честа да дозволи било какви лоши коментар од Дара, па потполно се дистанцирала од неа, а за тоа всушност зборува и тоа што се избегнуваа во Монте Карло.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

„Од кога не успеаја да се договорат околу издавање на нејзиниот албум, тие не зборуваат. Тогаш Дара беше многу лута и тврдеше дека повеќе не сака да ја види газдарицата на Гранд, а бидејќи беше скарана и со Саша Поповиќ, таа го раскина договорот со Гранд. Брена повеќе пати премина преку разни приказни и навреди кои доаѓаа од нејзина страна, но Дара не реагираше. Таа знае дека Дара не е лош човек и дека јазикот и е побрз од паметта, но по концертот во Арена не сакала да се прости со неа“, открива извор за „Свет“ и додава:

Во Монте Карло Брена единствено се дружеше со Драгана Мирковиќ, која е на нејзино ниво кога е во прашање популарноста и богатството, но и со кумот Борис Бекер кој таму има своја куќа, пишува „Свет“.

Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

Дара однесувањето на Брена го сфати како предавство, а во Монте Карло не се виде ни со Драгана Мирковиќ, со која е во одлични односи. Од друга страна Драгана со својот сопруг Тони често се дружи со Брена и Боба, а очигледно во ова друштво некој како Дара не е посакуван, вели изворот.

Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

Погледнете како и двете си поминуваат на ова луксузно место…

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
(Visited 642 times, 1 visits today)