Војвотката од Кембриџ знае да го избере вистинскиот модел за себе!
Кејт Мидлтон повторно се прошета во цветниот фустан од „Seraphine“ кој чини само 65 фунти. Станува збор за модел од познатиот хај-стрит бренд кој благодарение на „Кејт ефектот“ веќе е хит во целиот свет, а за кој не ви треба цело богатство.
Таа истиот фустан го носеше двапати и за време на бременоста со принцезата Шарлот, а овој пат тоа го направи во комбинација со фантастичен капут во впечатлива сина боја, а целата комбинација ја зачини со елегантни високи потпетици, чанта и ракавици во слична нијанса.
Кејт со ова повторно ни покажа дека и едноставните парчиња од хај-стрит брендовите можат да изгледаат елегантно, отмено и софистицирано особено кога ќе ги комбинираме паметно со останатите парчиња.