Реклама
Култура[тор]

Breakfast at Tiffany’s – безвременски филм!

Реклама

Појадок кај Тифани е филм – оскаровец од 1961 година, во кој Одри Хепберн и Џорџ Пепард се појавуваат во главните улоги.

Маркетинг

Режиран е од Блејк Едвардс. Филмот ја обработува приказната за Холи Голајтли, млада жена која живее хаотичен живот. Без стабилно детство, се венча на четиринаесет години, го поништува својот брак, се преселува во Холивуд со цел да започне филмска кариера, го напушта Холивуд и оди во Њујорк, од каде планира да се пресели во Бразил, за да се омажи се за еден од најбогатите луѓе во светот. Ритуал на оваа жена е во тоа што рано наутро оди да го разгледува излогот на нејзината омилена продавница „Тифани“ додека го јаде својот појадок. Главната приказна на филмот се развива околу нејзината врска со соседот Пол Варџак, кој има свои идеи и свои сопствени проблеми но љубовта која ќе се појави ќе го смени текот на сите планови… Холи и Пол се откриваат себеси, а филмот завршува со една од најкултните сцени на дожд  на сите времиња….

alt

Маркетинг

  alt

Ова е филмот кој ја издигна Хепберн во дефинитивно најголемата икона на стилот на сите времиња, истовремено е една од најпопуларните романтични комедии. Ниедна друга актерка не успеа да го долови карактерот, харизмата и енигмата на младата и амбициозна Голајтли која ја играше Хепберн. Сликата на  Хепберн како Холи со носач на цигара во рака е несомнено една од иконските слики во американската филмска историја. Појадок кај Тифани и ликот на Хепберн ден денес се уште освојува со својата префинета елеганција и постојано е тема на сите модни и културолошки случувања.

Покрај сето тоа Филмот „Појадок кај Тифани“ зад себе остави многу култни предмети – мало црно фустанче, големи очила за сонце и црн шешир со широк обод…и на крај…HOW DO I LOOK ???

alt

  alt

{youtube}oWV7JoasCKw{/youtube}
{youtube}urQVzgEO_w8{/youtube}

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button