Реклама
Нега и здравје

Збогувајте се со бразилската депилација

Реклама

Бразилската депилација не е во мода!

Маркетинг

Според најновите истражувања бразилската депилација повеќе не е хит број еден, што создаде вистинска недоумица меѓу припадничките на понежниот пол, особено оние што со задоволство ја практикуваат. Па што е сега во мода?!

Бразилската депилација која што вклучува потполна депилација на интимните делови кои можат да се украсат со триаголници или тенки линии, т.е. холивудската депилација со целосен „гол изглед“повеќе не е ИН. Ова се резултатите од едно истражување во кое учествуваа и мажи и жени. Според одговорите на испитаниците најпопуларни фризури за женските интимни делови моментално се оние што се потскратени и средени.

Маркетинг

Земајќи во предвид дека дури една третина од жените признале дека најмногу ја практикуваат целосната депилација за да им се допаднат на своите партнери, според најновите сознанија можат да се релаксираат и да се поштедат од болната депилација со восок.

На 17 отсто од нив омилен избор им е бразилската депилација со мала црта или минијатурен триаголник на срамната коска, додека 12 отсто ја навеле холивудската депилација како омилена.

Од друга страна, скоро половина од мажите, односно 43 отсто, признале дека најмногу го почитуваат природното издание кај жените, односно кратко скратени и обликувани фризури со жилет или восок, таканаречени љубовни триаголници.

Исто така, интимните фризурки како срценца, бркчиња, стрелки, громови и сл. не се популарни, и за нив поголемиот дел од мажите се изјасниле дека им се луцкасти и смешни.

Поврзано

Back to top button