Братот на Анџелина Џоли се ожени со преубава актерка – не ја поканил сестра си на свадба
Невестата на Џејмс Хевен покажа снимка од интимна церемонија одржана на брегот на Калифорнија.
На последниот ден од 2024 година, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се разведоа. Ова беше една од најдолгите и најскандалозните разводи, осум години се спореа преку судови и сега конечно е ставен крајот.
Во меѓувреме, се појавија вести дека нејзиниот брат Џејмс Хевен се оженил во тајност. Негова избраничка е актерката Роми Имбели.
МаркетингView this post on Instagram
Маркетинг
Свадбата на двојката се одржала уште во текот на летото, во близок круг на пријатели и, според извори, Анџелина Џоли не била присутна. Прославата стана позната дури сега.
Angelina Jolie’s brother James Haven is a married man!
Click ⬇️ https://t.co/QWlBLfHjOE
— JustJared.com (@JustJared) January 1, 2025
Јавноста беше изненадена што 51-годишниот Хевен решил да основа семејство, бидејќи за неговата посебна врска со сестра му се зборуваше нашироко. Поминаа 20 години, а фановите на глумицата сè уште се сеќаваат како во 2000 година Хевен ја бакна Анџелина во усни на церемонијата на доделувањето на Оскарите. Таа како одговор изјави:
„Во шок сум и многу сум заљубена во брат ми во моментов. Само ме прегрна и ми рече дека ме сака и знам дека е многу среќен за мене. И му благодарам за тоа“.
Но, подоцна, кога странските медиуми овој бакнеж го дефинираа како скандалозен, Анџелина забележа дека тоа е пример за „братска љубов“ и ништо повеќе.
Со години чудната врска меѓу Џоли и брат ѝ збуни многумина. Па затоа свадбата на Хевен за многумина дојде како големо изненадување.
View this post on Instagram
Инаку, свадбената церемонија се одржала на 12 август во Лагуна Бич (Калифорнија), сите роднини се собрале на прославата, вклучувајќи го и таткото Џон Војт.