Кафе муабет

Ако најдеш добра жена, ќе бидеш среќен човек; ако не – ќе станеш филозоф!

Advertisement

Неколку интересни и забавни цитати за бракот:

brak1

Advertisement

Изговарањето на судбоносното „Да“ е голем настан и почеток на сосема ново поглавје од животот. Одлуката за стапување во брак не е лесна и значи збогување со живот кој гравитира околу сопствените желби, цели и потреби и ракување со живот кој бара од секој „учесник“ подготвеност за компромиси, жртвување и негување на доживотна и безусловна љубов.

Еве неколку интересни и забавни цитати за бракот:

 

Advertisement
„Бракот е серија на очајни аргументи за кои луѓето се страствени.“ – Кетрин Хепберн

 

„Мажите се женат затоа што мислат дека девојките нема да се променат. Жените се мажат затоа што мислат дека момчињата ќе се променат. На крајот и едните и другите се разочарани.“ – Алберт Ајнштајн

 

„Ако се омажам, сакам да бидам многу омажена.“ – Одри Хепберн

 

„Експертите за романса велат дека за среќен брак треба да има повеќе од страствена љубов. За една заедница да трае, тие инсистираат дека мора да има искрена заинтересираност од двете страни. Тоа, во мојата книга, е добра дефиниција за пријателство.“ – Мерилин Монро

 

Мојот совет за вас е да стапите во брак: Ако најдеш добра жена, ќе бидеш среќен; ако не – ќе станеш филозоф.“ – Сократ

 

„Мајка ми вели дека откако сум се родила, 8 дена не сум ги отворила очите, но кога се случила тоа, првото нешто што сум го видела бил свршенички прстен. Едноставно станав зависна.“ – Елизабет Тејлор

 

„Идеалниот сопруг го разбира секој збор кој жената не го кажува.“ – Алфред Хичкок

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button