Реклама
Култура[тор]

Божиќен филм: Bad Santa

Реклама

Не ни требаше многу да решиме кој е најдобриот Божиќен филм кој што ќе ви го предложиме да го изгледате денес…..

Маркетинг

А кој друг ако не филмот за најдобриот Дедо Мраз кој било кога се појавил на подвижните слики, ако не Billy Bob Thornton, како Willie T. Stokes – Дедо Мразот кој што пие, пуши, дупи згодни Баба Мразици, краде, тепа мали и здодевни деца и што уште не. Се сеќавам кога уште прв пат во Филмски Магазин ја видов рекламата за филмот, си помислив „Овде мора да има нешто. Сигурно Царот Billy Bob нема да глуми во уште една ала Пепелашка, Дизниева приказна за Божиќ и добриот дух кој ги опседнува луѓето во тие волшебни моменти“. Мислам, реално, дали можете да си го замислите Billi Bob, дебеличок, со заруменети образи како вика „Хо, Хо, Хо“?

alt

Маркетинг

И токму така. Какви добри духови, Дедо Мразовци со дефиниција за емпатија кон мали и несреќни дечиња и слични бакрачи?! Според Урнекот и Платонската идеја за ’параспур интелектуалец‘, по која Бог најверојатно го створил Billy Bob Thornton додека се  трезнел од претходната ноќ, таков и Дедо Мраз добивме – Лош, каков што му е и името на филмот.

Секој Божиќ, Willie се облекува во костимот, се среќава со партнерот Marcus, ги припрема залихите на алкохол и го започнува својот поход кон полните сефови на лакомите сопственици на големите Шопинг центри, кои им продаваат муда за бубрези на децата и им ги земаат парите на нивните родители. По пат и во меѓувреме ќе се смести кај едно комплетно лузерче од дете, ќе си најде девојка која има сексуален фетиш на Дедо Мраз и забавата почнува.

alt

Ако навистина се уште го немате изгледано филмов, ова е првото нешто што треба да го направите ( да го ’симнете‘ од нет, а не и вие да барате девојка со Дедо Мраз фетиш, иако кога подобро ќе размислам и тоа не е лоша идеја), а без разлика и да сте го гледале, нема ништо подобро да ви дојде од повторно светкање во очите кога онака фамилијарно ќе се соберете после Божиќниот ручек и ќе си пуштите филм!  

{youtube}jyurNrqSebk{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button