Реклама
Рецепти

ОД РЕЦЕПТИТЕ НА СЕКСИ ПЕРО: Боранија со јагнешко

Реклама

Секси Перо, главниот готвач на нашата оnline кујна за денес одлучи да ни покаже (?) како се подготвува боранија со јагнешко!

Приготвување:

Маркетинг

Месото се препорачува да биде од гради, врат или пак, од лопатката, но никако кртина од бут! Причината за тоа е што боранијата може да апсорбира погплема маснотија. Месото треба да се исецка на 4 еднакви парчиња, потоа се мие и се остава да се исцеди на памучна крпа. Кромидот се сеcка на ситно, се запржува, потоа се додава месото да се пропржи, се додава црвениот пипер и вода за да се вари месото. Претходно исчистената боранија се додава во месото да се вари, а пред да биде готово, се додава црниот пипер.

Кога јадењето е готово се сервира со кисело млеко.

Маркетинг

За 4 порции боранија потребно е:

 Потребни состојки:

600 гр. Јагнешко месо
120 гр. Мазнина
1 кг. Боранија
1 глава кромид
1 лажица брашно
1 лажица црвен пипер
4 гр. Црн пипер
Сол по вкус


Пријатен апетит девојки!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button