Боки во „шанел“-че, како искочен од „Бурда“ – македонските спонзорки можат вода да му носат (фото)

По тензичниот период, Бојан Јовановски познат како Боки 13, сѐ почесто го гледаме во јавност, дотеран од глава до петици.
Дел од своите модни изгледи ги споделува на социјалните мрежи, и рака на срце, секоја модна комбинација му е поврескава од претходната.
Денес Боки покажа како се носи „шанел“-стилот, безвременската елганција за која можат да му позавидат и збеснатите граѓанки од метрополата (интерпункцискиот знак наводници може да се додаде и на граѓанки и на метропола, кој како си сака).
И на прв и на втор поглед, Бојан успешно го симнал изгледот на модниот гениј Карл Лагерефлд (1933-2019), креативниот директор на луксузната модна марка „шанел“ од 1983 година.
По концертот „Македонијо во срце те носиме“, Боки позира во „шанел“ костум со макси унисекс чантичка „шанел“ и лакирани високи чевли.
Изгледот е заокружен со црни а-ла Лагерфелд ракавици и очила со нагласени црни рамки.
Вниманието ни го привлекува неговата нијанса на коса, сребрено-руса, а фризурата му е беспрекорна.
Накусо, искочен како од „Бурда“, модното списание познато како кралица на шнит-мустрите, кое и кај нас беше хит особено во 80-те години на минатиот век.