Реклама
Хороскоп

Брзи и секогаш со бистар ум – астролошки профил на родените во знакот близнаци

Реклама

bliznaci4

Нерешителност

Способноста на близнаците да ги погледнат сите аспекти на ситуациите и нивната потреба постојано да испробуваат нешто ново, ги прави близнаците неодлучни. Доколку донесувањето некоја одлука стане премногу тешка и здодевна задача, близнакот најверојатно ќе ја игнорира и ќе тргне во потрага по некои нови и попријатни околности.

Маркетинг

Неуморноста и независноста на близнакот може на другите луѓе да им остави впечаток дека тој е површна личност. Припадниците на овој знак се љубезни и дружељубиви со сите луѓе и не фаворизираат никого особено. Но, кога ќе им стане здодевно, нивната ведрина и љубезност се претвора во своеволно и тврдоглаво однесување.

Совршена комбинација од страст и интелект: Проверете дали сте меѓу овие хороскопски знаци>>>

Маркетинг

Ваквите негативни особини, можат да го направат близнакот непостојана личност. Колку почесто го менува расположението, толку потешко ќе му биде да ги заврши започнатите проекти на кои работи. Нешто друго ќе му го „улови“ вниманието и притоа може да се случи да постане недисциплиниран да почека да ја заврши првин започната работа, пред да започне нова. Ваквото преминување од едно на друго нешто, може да постане составен дел од карактерот на близнаците, кој негативно ќе се одрази и на љубовните врски, доколку тие не одвојат доволно време да поработат на решавање на овој проблем. Близнаците имаат тенденција и да се испробуваат себеси во сосема различни видови професии, бидејќи нив им создава возбуда идејата да се тестираат колку ги бива за некоја работа и доколку успешно го положат тестот, нивните батерии ќе бидат повторно полни за следната авантура.

Чувствување страв од губење на слободата

Најверојатно најзабележителната карактеристика која ја имаат близнаците, е нивната потреба да се чувствуваат слободно. Истовремено, оваа потреба е и нивниот најголем страв. Тој страв може да предизвика тие понекогаш да се однесуваат неконтролирано. Близнакот не сака да се води според никакви планови во животот, ниту да ги почитува општествените норми, туку сака да изгради свои. Оваа внатрешна потреба на близнаците да имаат избор во секоја животна ситуација и да се чувствуваат слободно да се премислат во секој момент, се составен дел од нивниот карактер. Навистина е тешко да натерате некој близнак да направи нешто насила, бидејќи тој не сака да затвора очи пред повеќето различни опции кои стојат пред него.

Близнаците секогаш имаат некоја порака која сакаат да ја споделат со вас, но за да ги разберете, морате да научите да слушате што тие зборуваат, и уште повеќе, да научите да го слушате она што не го кажуваат.

Близнаците се брзи во речиси сè што прават. Тие имаат многу малку трпение. Доколку се решите да почекате некој близнак да си ја „олади главата“ додека вие се обидувате да завршите некоја битна задача, најверојатно ќе останете со подзината уста кога ќе видите дека тој си заминува една секунда откако сте го изговориле зборот „почекај“. На близнаците секоја секунда во животот им е драгоцена, па тие немаат време да чекаат нешто да се случи, туку мораат да делуваат навремено.

Но, токму таа нивна брзина на извршување на работите ги прави близнаците површни и нерешителни во очите на другите луѓе. Наместо да се трудат да бидат што е можно побрзи и поефикасни, близнаците треба да поработат на квалитетот со кој ги завршуваат работите. Како совет би им ја кажале поговорката: „Два пати мери, еднаш сечи.“

За да можете да „одите во чекор“ со близнак, ќе ви треба навистина многу енергија, бидејќи најверојатно додека стоите во банка чекајќи долга редица за да платите сметка, на него ќе му текне дека сака да присуствува на отворањето на некоја уметничка галерија. Или ќе морате да се прилагодите на брзиот начин на живот кој го живеат близнаците, или тргнете се настрана од „трката“ и дозволете му на некој друг да ја заземе вашата позиција.

bliznaci2 cr

Близнаците најмногу си одговараат со: овен, лав, вага, водолија.

Идеални професии за близнаци: актер, адвокат, новинар, политичар, пиар, професор, писател, организатор на настани, специјалист за развој на производи, вработен во департман за продажба и др.

Животно мото на близнаците: „Играта може да започне.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3

Поврзано

Back to top button