Близнаците на љубовен план
Претставниците на овој хороскопски знак се во потрага по интелигентен, прилагодлив и толерантен љубовен партнер. Со него, никогаш не може да ви биде досадно бидејќи тој секогаш е во потрага по некоја нова авантура. Поради таквата негова природа, неговиот партнер ќе треба исто така да биде креативен и остроумен, способен да се прилагоди на секоја ситуација која ќе ја создаде близнакот. Доколку не сте во можност да го следите неговото брзо темпо на живот, близнакот ќе се умори од таквата врска и ќе си продолжи понатака во животот, барајќи нешто поинтересно.
Ладни како мраз?
Честопати во астролошките профили за знакот близнаци, пишува дека тие имаат ледено срце, кога станува збор за нивните емоции. Близнаците дефинитивно се луѓе кои имаат чувства, па затоа не дозволувајте никој да ве убедува во спротивното. Повеќе луѓе сметаат дека овој знак е „ладен“ бидејќи близнакот и покрај неговата комуникативност и отвореност, е многу затворен кога станува збор за неговите емоции. Тој дури некогаш не се ни забележува себеси дека се чувствува вознемирено или несреќно, бидејќи во неговиот ум тој „патува“ кон освојување на некоја нова авантура. Вистина е дека близнаците имаат ум кој се базира на логика и рационалност, но тие истовремено имаат забавен карактер, кој често другите го оценуваат како детинест.
Сензуален љубовник
Близнакот е секси љубовник, кој ги знае сите добри сензуални чекори. Тој има големо чувство за уметничката страна на љубовта, а на неговиот флерт никој не може да остане рамнодушен. Близнакот обожава романтични активности, кои ќе го одведат кон една умствена авантура од која ќе му се помати умот. Сè додека неговиот партнер, умее да го одржува нивото на интрига и возбуда во врската, близнакот ќе биде фасциниран и нема да му биде досадно. Дефинитивно не сакате на близнак да му досади од вас, бидејќи ако тоа се случи, сè што ќе ви остане е сеќавањето за него.
Близнаците на работното место
Доколку работата која што ја работи му е доволно интересна и привлечна, близнакот ќе заврши повеќе задачи до пладне, отколку што неговите колеги ќе завршат во текот на целиот ден. Доколку пак, тоа што го работи му е досадно и монотоно, тој ќе работи само извесен период на тоа работно место, сè додека не најде некоја нова попредизвикувачка работа. Близнаците сакаат да бидат информирани за сè што се случува на работното место, умеат да учат од искуството на нивните колеги и да ги слушнат нивните паметни совети. Наспроти инсистирањето на близнакот да биде секогаш во центарот на вниманието, тој знае одлично да се вклопи во тимска работа.
Негативни карактеристики на близнакот:
Ведри или мрачни личности?
Близнаците се знакот на дуалитетот. Едната страна на близнакот е ведра, комуникативна, а другата депресивна, па дури и злобна. Близнаците можат да варираат од расположени и дружељубиви личности, кон намуртени и мрачни непријатели.
Кога овој вториот близнак е во акција, подобро ви е да се повлечете и да го оставите сам да си го пронајде излезот од таквото марчно расположение.
Премини на следната страна >>