Реклама
Новости

Благоја Чоревски глуми среќен мртовец – пет претстави што не се за пропуштање

Со претставата „Среќен мртовец“ на 16 јануари ќе се претстави продукцијата Алтернативен театар „Отпишани“ – Скопје.

Реклама

Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и оваа година – од 14 до 18 јануари ќе бидат изведени пет претстави во рамки на Недела на претстави од независната продукција.

Драмски театар ги отстапува за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот, како и потребната техника со што овозможува изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти.

Маркетинг
На сцените на Драмски театар публиката од 14 до 18 јануари ја има можноста да проследи пет претстави во продукција на пет ансамбли од независната сцена. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

 

– Со поддршката на независната сцена Драмски театар иницира создавање силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници.

Маркетинг

Неделата на претстави од независната продукција е замислена како платформа за контакти на уметници кои внесуваат свежина, динамика, понекогаш и неконвенционален пристап во процесот на создавање на театарските претстави, што може да води до идни соработки, копродукции и проекти – истакнуваат од Драмски театар.

Неделата на независната сцена на 14 јануари ја отвора продукцијата „Артема – театарска лабораторија“ со претставата „Еволуција на распадот“ работена по „Отело“ на Вилијам Шекспир. Режијата е на Дамјан Димовски, а ликовите во претставата ги играат: Јаго – Илин Јовановски, Отело – Бранко Михајлоски, Дездемона – Леонида Гулевска, Емилија – Илина Чонкова, Касио – Тодор Стојковски, Родриго – Ѓорѓе Нешковиќ. Музички соработник е Дарко Спировски.

Еволуција на распадот

Во среда, на 15 јануари, со претставата „Безвременски приказни“ на продукцијата „Независна“ ќе се претстават Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска. Кореографијата е на Ирена Лозинска. Станува збор за перформанс со карактер на танцов театар што обработува теми од авторот Франц Кафка. Доријан Миловановиќ направи видео арт за перформансот, а музички соработник и композитор на претставата е Енес Беговски.

Безвременски приказни

Со претставата „Среќен мртовец“ на 16 јануари ќе се претстави продукцијата Алтернативен театар „Отпишани“ – Скопје.

„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко. Во програмската белешка за претставата е напишано дека:

„Од моментот кога поради системска грешка Живко добива решение дека починал неговиот живот се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти. Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости“.

Автор на текстот е Марјан Анѓеловски, режијата е направена со заедничка промисла на уметничката екипа, а улогите ги играат Благоја Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски и Јасмин Рамани.

На 17 јануари со претставата „Казабалкан“ од Горан Стефановски, а во режија на Дамјан Костовски ќе настапи актерска екипа: Мирјана Трпковска Костовска, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Јана Вељановска, Васко Костовски, Марина Поп Панкова, Христијан Поп-Симонов, Теоман Максут и Саша Димитриевска.

Казабалкан

Претставата на духовит начин ги отвора мрачните страни на човековата судбина и последиците од војната. Во центарот е обичниот човек кој не по своја вина повторно се наоѓа на тенката линија помеѓу животот и смртта. Продуцент и сценограф е Екатерина Николовска, костимограф е Екатерина Добривојевска, а композитор е Бојан Филиповски.

Продукцијата на Театар „Златен Елец“ во Драмски театар ќе настапи со претставата „Добри луѓе“ на 18 јануари. Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска. Станува збор за дуодрама работена според текст на Данкан Мекмилан. Преводот го направи Наташа Пеевска.

Драмскиот текст „Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со климатската криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме, како поединци и како општество. Во претставата играат актерите Тијана Трајчевска и Филип Христовски. Во уметничкиот тим на претставата е и извршниот продуцент Бобан Алексоски. Музиката е на Ива Дамјановски, фотографиите се на Данчо Стефков, а дизајнер на постер и рекламен материјал е Бојана Цилевска.

Од Драмски театар информираат дека билетите за претставите од 14 до 18 јануари се пуштени во продажба и ја покануваат публиката да ја искористи можноста да ги проследи и да ги поддржи петте претстави од поновата продукција на независната театарска сцена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button