Реклама
Култура[тор]

Black Sabbath во Белград

Реклама

Легендарниот и во оригинален состав наново офермен, Black Sabbath, ќе натапи на 28 јуни 2012 во белградскиот парк Ушче!

Маркетинг

Како што кажува продуцентската куќа Avolon Productions, овој по многумина најголем метал бенд на сите времиња, ќе одржи концерт за цела југоисточна Европа, односно за фановите од земјите на поранешна Југославија, Унгарија и Романија, па во Белград се очекуваат голем број посетители од целиот регион, па и цела Европа. На најавениот можеби најголем рок и метал настан следната година, Black Sabbath ќе настапат со гости чии имиња ќе бидат дополнително објавени.

Капацитетот на концертот е ограничен на 20.000 посетители, додека цените на билетите се движат од:
 
 – 1800 мкд за 2 партер,

Маркетинг

 – 2100 мкд за прв партер,
 
а за најголемите фанови ќе бидат овозможени 2000 влезници за “Golden Circle” по цена од 2700 мкд.

Влезниците ќе можат да се купат на сајтови за продажни мрежи, а физичка продажба ќе биде овозможена во сите поголеми градови како Љубљана, Загреб, Бања Лука, Подгорица, Скопје, Софија, Букурешт, Будимпешта и др. места, за што се очекува огромен интерес со оглед на бројноста на популацијата на земјите од југоисточниот Европски регион. За нас Македонците, влезниците можат да се набават на сите продажни пунктови на „Купи карти за сé“ ширум Македонија.

Black Sabbath на 11 ноември оваа година, на конференција за новинари во Los Angeles која ја водеше Henry Rollins, објавија дека се собрале во оригиналниот состав. На чело е повторно фронтменот Ozzy Osbourne, а во тек се и подготовките за нивниот нов албум кој е под продуцентската палка на легендарниот Rick Rubin. Тоа ќе биде прв студиски албум после 33 години, на кој ќе работат оригиналните членови на бендот, гитаристот Tony Iommi, пејачот Ozzy Osbourne, басистот Geezer Butler и тапанарот Bill Ward. Нивен последен заеднички студиски албум е “Never Say Die” од 1978 година.

На прашањето на Henry Rollins сошто се одлучиле повторно да се соберат, најдобриот метал гитарист по изборот на магазинот Rolling Stone, Tony Iommi одговорил:

Тоа беше СЕГА или НИКОГАШ! Одлично се согласуваме. Сé е навистина добро.“

Geezer Butler додава дека новиот материјал звучи како старите и најголеми хитови на овој култен бенд.

На истата конференција е соопштено дека Black Sabbath предводи на листата на изведувачи за големиот Download Festival, на која ќе се најдат и Metallica и The Prodigy. Бендот наредната година тргнува на светска турнеја од Москва каде на 18 мај ќе настапи на Олимпискиот стадион, а потоа следат St. Petersburg, Helsinki, Stockholm, Oslo, Dortmund, Prague, Rotterdam, Bilbao, Paris, Milan и др. светски метрополи.

alt

И така бендот кој по мислење на Rolling Stone еден од најдобрите бендови на сите времиња, според MTV најдобриот бенд досега, кој зад себе има преку 70 милиони продадени албуми, автори на хитовите “Paranoid”, “Iron Man”, “War Pigs” и мн др, ќе имате прилика да го гледате на 28 јуни 2012.

Волку добра прилика не се пропушта! :)

{youtube}WU3SZjfbcpI{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button