Реклама
Новости

Бизнисменот од Чачак стана регионален херој на месецот, на работниците им подели автомобили – имаме ли сличен во Македонија? (видео)

Реклама

Во време кога многу работодавци не ги ценат своите работници, во соседна Србија, поточно во Чачак, се појави пример кој покажа дека ги препознава и соодветно ги наградуваат квалитетните работници.

Станува збор за бизнисменот Милисав Новичиќ. По повод 35-годишното постоење на неговата компанијата, Новичиќ ги награди вработените со најдолг работен стаж со осум нови автомобили, за секого по еден, признавајќи дека човечките ресурси се клучот за секој успех.

Веста, како вистински куриозитет, стана вирална и веќе десетина дена по оваа случка, видеото на наградување на работниците и неколку изјави на Новичиќ, кружат на социјалните мрежи.

Маркетинг
@__tema__15

#srbija #fyp @pancho

Маркетинг

♬ original sound – Tema

„Не може моите деца да живеат подобро од децата на работниците“ – вели бизнисменот, веројатно без да претпостави дека оваа изјава ќе стане хит на социјалните мрежи, а тој со својот гест – регионален херој на месец декември.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button