Наши ѕвезди
Битола ја дочека новата година со македонски песни – погледнете ја волшебната атмосфера на Ноќта на нови почетоци
Групата Фонтана, Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Димитар Андоновски со македонски песни и песни за Битола настапија на новогодишната ноќ во Битола.
Реклама
„Ноќта на нови почетоци“ се случуваше на Платото пред Офицерскиот дом во Битола, а бројната публика беа сведоци на веселиот настан што ги грееше срцата.
„Новата година ја дочекавме со битолчани, расположени, распеани и разиграни на убавите македонски песни. Битола, публика за почит! Ви благодариме што се собравте во огромен број да ја испратиме старата 2024-та и дочекаме Новата 2025 г. Нека е среќна, бериќетна и благословена! Со нови сили, во нови победи!“ – напиша Сузана Спасовска на својата фејсбук-страница, постирајќи фотографии на кои се гледа навистина бројна публика.
Маркетинг
На полноќ имаше голем огномет кој внесе дополнителна убавина, а за почеток на годината забавата продолжи со Дувачкиот оркестар „Блезери“.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .