Холивуд

Пронајдовме од каде да го купите фустанот во бојата на смарагдите што го носеше Бијонсе

Advertisement

Бијонсе во секси фустан во кој изгледа подобро од кога било досега

Advertisement

Три месеци по раѓањето на близнаците Сира и Рума, Беј се појави со својот сопруг на еден настан на кој ги воодушеви сите со својот изглед. Таа на хуманитарниот настанот Diamond Ball  кој традиционално го организира нејзината колешка Ријана се појави во сатенски фустан на преклоп во зелена боја кој и стоеше фантастично.

Смарагдно зелениот фустан е со длабок прорез и со нешто подлабоко деколте со кои пејачката ги истакна своите препознатливи облини. Што се однесува до цената, искрено очекувавме дека е многу поскап отколку што навистина е – имено креацијата е од брендот „House of CB“ и чини околу 150 евра што воопшто не е преголема сума ако земеме во обѕир дека станува збор за дама којашто може да си купи што и да посака.

Advertisement

Бијонсе фустанот го носеше со опасни високи црни сандали со дебели потпетици со кои дополнително ја подигна целата комбинација и внесе малку шик од 70-тите години, додека косата и беше пуштена, со нежни бранови, а лицето покриено со децентна шминка.

Па, што велите за ова издание на Бијонсе?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button