Реклама
Celebrity

Беше секс симбол на 90-те, сега е теткичка со витлери од комшилак – една од најубавите ѕвезди на Холивуд се промени до непрепознатливост (фото)

Реклама

Ѕвездата на култната криминалистичка телевизиска серија „Твин Пикс“, беше забележана од папараците на улиците на Лос Анџелес. Една од најубавите ѕвезди на Холивуд се промени до непрепознатливост, пренесува Daily Mail.

Благодарение на својата улога како Одри Хорн во серијата на Дејвид Линч „Твин Пикс“, актерката Шерилин Фен постигна слава во филмската индустрија. Меѓутоа, новите фотографии од Фен ги растажија нејзините верни обожаватели.

Педесет и деветгодишната Шерилин, во изгужвана маица, широки фармерки и со необоена коса, изгледа прилично неуредно кога излегла да ја провери поштата.

Маркетинг

Ѕвездата беше номинирана за наградите „Еми“ и „Златен глобус“ за својата улога во „Твин Пикс“.

Таа глумеше и во познати серии како „Пријатели“, „Закон и ред: Специјален оддел“, „Девојките Гилмор“ и други. Во 2022 година играше улога во комичната серија „Сјајната долина“ заедно со Кортни Кокс, Грег Кинер и Мира Сорвино, а во 2023 година се појави во филмот „Немиот живот: приказна за жена во црно“.

Покрај улогите на филмското платно, актерката е позната и по своите бурни романси со некои од најголемите ѕвезди на Холивуд. Во 1985 година, Шерилин имала кратка романса со Принс. Истата година, на снимањето на филмот „Чувари“, ја запознала својата прва вистинска љубов — Џони Деп. Нивната романса траела повеќе од три години. Парот дури и се свршил, но на крајот, ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ ја напуштил за актерката Џенифер Греј. Шерилин тешко го поднела раскинувањето, а Џони Деп секогаш го нарекувала својата „прва љубов“ и „љубовта на својот живот“.

Во 1994 година, Шерилин се омажи за гитаристот и текстописец Тулуз Холидеј, со кого се запознала на снимањето на филмот „Три срца“. Парот има два сина: 31-годишниот Мајлс и 17-годишниот Кристијан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button