Реклама
Трендови

Бели комбинации што можеме да ги носиме во овој период

Реклама

Крајот на август и почетокот на септември е одличен период за оваа боја

Претпоставуваме дека и вие обожавате да носите бела боја од глава до пети. Но проблемот е во тоа што вашите омилени парчиња во оваа боја кои што веќе ги имате во плакарите досега сте ги носеле милион пати па ви недостигаат идеи како да го направите тоа, а да не изгледате досадно кога ќе застанете пред огледалото. Токму затоа за денес ви предлагаме да ги погледнете комбинациите на овие неколку дами кои изгледаат беспрекорно во своите all-white изданија. Покрај тоа што ќе имате прилика да соберете нови идеи, можеби ќе добиете и инспирација за некое парче во кое би сакале да „инвестирате“ во следниот период.

Маркетинг

Ние, инспирирани од Кјара Ферањи и Оливија Кулпо дојдовме до заклучок дека во плакарите ни недостасуваат впечатливи блузи кои што можат да изгледаат совршено кога ќе ги носиме со краток шорц или здолниште. Или пак, да инвестираме во нови skinny фармерки во бела боја (како оние на Ева Лонгорија, која важи за кралица на белите панталони) која можеме да ја носиме со кратките маици од Factory кои исто така ќе ги видите во продолжение.

Маркетинг

Погледнете и кажете ни која од овие комбинации ви се допаѓа најмногу?

Ние дефинитивни гласаме за ова шик издание на модната блогерка Дани Ѓуровска која носи маица од новиот македонски бренд Factory. Таа оваа тренди маица која можете да ја порачате од Трговки.мк ја носеше во комбинација со бело здолниште и патики со шарен дезен, а целата комбинација дополнително ја зачини со чокер огрлица и интересни обетки.

Погледнете ги и останатите комбинации >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button