Холивуд

Еве како познатата манекенка носи здолниште кое можете да го купите за помалку од 2500 денари

Advertisement

Бела Хадид купува од истите продавници како и сите ние

Advertisement

Помладата сестра Хадид многу брзо стана една од најпознатите манекенки на светот. Таа во моментов е во Париз, на Модната недела за висока мода каде можевме да ја видиме во мошне интересна комбинација.

Имено, познатата 20 годишна трендсетерка и покрај тоа што може да носи парчиња од било кој познат бренд (сигурни сме дека бројни дизајнерски имиња чекаат во ред за да и ги „подарат“ своите модели) таа се уште сака да купува од познатите хај-стрит продавници. Овој пат во прашање е кратко тексас здолниште од Топшоп кое можете да го имате и вие за помалку од 2500 денари. Таа низ центарот на Париз го носеше во типично американско (тексашко) издание – во комбинација со карирана кошула и впечатливи бели чизми до глужд, а целата комбинација ја заокружи со тренди очила за сонце и шик црна чанта.

Advertisement

Па, дали ви се допаѓа ова здолниште од Топшоп?

Ако сакате да го имате и вие во вашите плакари, и притоа живеете на некое место каде има продавници од овој познат британски бренд, побрзајте бидејќи голема е веројатноста откако Бела се прошета во него за брзо време да го снема од нивните полици.

Кликни тука и види ги најубавите здолништа за оваа сезона >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button