Познатата британска дизајнерка во едно од најдобрите изданија за оваа сезона
Викторија Бекам заедно со својот сопруг Дејвид се појави на журка која што ја организираше Вог во малку нетипично издание за неа. Имено дизајнерката која најчесто ја гледаме во црни, тегет или сиви изданија на забавата заблеска во црвено издание со кое ги воодушеви сите. Во прашање е црвен миди фустан кој е совршен избор за новогодишните свечености (моделот е од нејзината колекција за пролет-лето 2018), со интересен детаљ на ракавите и колковите, со суптилно деколте и јака. Викторија црвената боја ја зачини со салонки и чанта кои исто така се од нејзината пролетна колекција во која токму светките го имаат главниот збор, а целиот стајлинг го заокружи со светкава сенка на очите и кармин во пудра нијанса кој е нејзин заштитен знак.
Па, дачи ви се допаѓа ова издание на Викторија?