Базел подготвен за евровизискиот спектакл: 42.000 билети за Евровизија продадени за само седум минути
Македонија, по трет пат последователно, нема да има свој претставник на 69. издание на Изборот на песна за Евровизија, кое ќе се одржи од 12 до 17 мај во Базел, Швајцарија.
Базел наскоро ќе стане домаќин на познатиот музички спектакл Евровизија.
Продажбата на билетите за овогодинешната Евровизија започна вчера, а билетите се распродадоа за седум минути.
Односно, од 10 часот по локално време, илјадници фанови почнале да купуваат билети и интересот бил исклучително голем.
Можеше да се купат до четири билети по лице, но во оваа продажба можеа да се пријават само оние кои претходно се пријавиле на сајтот.
МаркетингView this post on Instagram
Билетите не се распродадени само за главните претстави, туку и за пробите – овие билети се распродале за помалку од 20 минути.
Продадени се вкупно 42.000 билети, а дополнителни билети во продажба ќе се пуштат во февруари.
Помеѓу 50.000 и 60.000 билети ќе бидат достапни за Изборот за песна на Евровизија 2025 година, кој ќе се одржи од 12 до 17 мај во Базел, но бројот на билети зависи од расположивоста на просторот и од техничката опрема.
Цените на билетите се движат од 40 до 350 швајцарски франци (44 до 385 долари), а најскапите билети се оние што ви дозволуваат да застанете до самата сцена.
View this post on Instagram
За оние кои не можат да присуствуваат на настанот во живо, ќе има забави со јавни гледања на видо-бим на отворени места, вклучувајќи го и блискиот фудбалски стадион Сент Јакобшале, кој може да прими до 36.000 гледачи.
Овогодинешната Евровизија се одржува во Швајцарија благодарение на минатогодишната победа на уметникот Немо, кој со песната „The Code“ го освои првото место на Евровизија во Малме.