Реклама
Celebrity

Барак Обама ја откива вистината за НЛО и вонземјаните – „кога дојдов на функција прашав…“

„Вистината е дека кога дојдов на функцијата, прашав: „Во ред, има ли лабораторија некаде каде што ги чуваме вонземјанските примероци и делови од вселенски брод?“

Реклама

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја открива „вистината“ што ја знае кога станува збор за постоењето на вонземјани и НЛО.

Ако тие навистина постојат и т.н Ареа 51 е преполна со живот од други планети, тогаш би сметале дека тоа е нешто за што ќе ви кажат кога ќе станете претседател.

Штом сте главна фигура во земјата, сигурно можете да ги повикате сите луѓе задолжени за оваа работа на состанок и да ги натерате да ви ја кажат вистината за различните наводни видувања на НЛО кои поттикнаа огромен бран теории на заговор.

Маркетинг

Можеби затоа Барак Обама беше прашан од популарниот музичар Вотс во емисијата на познатиот новинар и водител, Џејмс Корден, за тоа што точно знае кога станува збор за тајните и мистериите на вонземскиот живот.

Имено, во емисијата „Лејт, лејт шоу вит Џејмс Корден“, поранешниот американски претседател одговара на оваа тема.

Маркетинг

Тој рече, прво на шега: „Вистината е дека кога дојдов на функцијата, прашав: „Во ред, има ли лабораторија некаде каде што ги чуваме вонземјанските примероци и делови од вселенски брод?“.

„Тие направија мало истражување и одговорот беше не“, на шега одговара Обама.

Сепак, не се обесхрабрувајте сите вие кои сте ​​вистински верници во вонземјани и НЛО, бидејќи можеби експретседателот само ја сокрива вистината за да ги заштити тајните за вонземјаните и НЛО кои, можеби, навистина постојат.

Понатаму, Обама рече дека навистина постојат „бројни докази и записи за објекти на небото за кои не знаеме точно што се“, и дека „има некои летечки објекти кои останале неидентификувани“.

Тој рече дека делот за работите на небото што не можеме да го сфатиме е „вистинит“, велејќи дека „не можеме да објасниме како се движеле тие неидентификувани објекти на небото, ни нивната траекторија“.

Дали сме или не сами во универзумот е бескрајна фасцинација за некои луѓе и идејата дека веќе нè посетил вонземски живот кој оставил докази зад себе е опсесија за некои луѓе. Но очигледно, засега ниеден претседател на САД тоа не го открива „во етер“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button