Реклама
Култура[тор]

Atari Teenage Riot во Скопје!

Реклама

„Ги најавуваме Atari Teenage Riot, во моментов најголемата светска „digital hardcore“ ѕвезда, бенд кој ќе настапи на 29. ноември во рамките на off програмата на овогодинешниот фестивал.“

Аtari teenage riot е германски состав кој е особено познат по својата музичка радикалност која ја воведе во 90тите, револуционерен пристап кон музиката кој дотогаш никој не го практикувал. Нивната идеа електронските инструменти да ги комбинираат со панк филозофија ги дефинира како еден од бендовите со најоригинална естетика. Нивниот, сериозно ангажиран политички став е приказна за себе. Формирани во Берлин во 1992. година, практично како одговор на нео-наци субкултурата, Atari Teenage Riot ќе се промовираат како бенд со остри анархистички и антинаци ставови, критикувајќи го насилното општество во кое живеат. По неуспешната авантура со Phonogram Records веќе на стартот на својата кариера ќе ја формираат сопствената Digital Hardcore Recordings, со кое име ќе го дефинираат и жанрот. Alec Empire и Nic Endo, клучните членови на ATR, веќе во 90тите ќе добијат култен статус во современата музика, најпрвин поради трите албумски ремек дела Delete Yourself! (1995), The Future of War (1997) и 60 Second Wipe Out (DHR 1999), но и популарните бунтовни хитови  „Destroy 2000 Years Of Culture“, „Delete Yourself!“, „Deutchland (Has Got To Die)“, и „Start The Riot“. Во 2000. година бендот го расформираат, за да повторно ненадејно се вратат на сцената во октомври 2009. година.

Маркетинг

{youtube}Y8Z8pO8ipN0{/youtube}

Бунт на Таксират! Во Скопје доаѓаат во вистински момент, промовирајќи го нивниот овогодишен албум Is This Hyperreal? Познатите приказни за нивните фуриозни концертни настапи, пријателството со Beastie Boys, Rage Against The Machine, Wu-Tang Clan и Beck, успешните светски турнеи, политичките “испади” можат само да се дефинираат како “електроника со став”.

Маркетинг

По минатогодишниот настап на Manu Chao, еве уште малку анархистички вкус на фестивалот. Топло ви се препорачуваме со концертот на Atari Teenage Riot да нé посетите на 29. ноември. Atari Teenage Riot, палецот горе.

Текстот е преземен од официјалниот сајт на Таксират.

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button