Реклама
Култура[тор]

Ди-џејот Armin van Buuren во Белград

Реклама

Светската турнеја “A State Of Trance 550” стартува во Белград, март 2012!

Маркетинг

Armin-овиот A State Of Trance (ASOT) е еден од најомилените радиски програми ширум светот, која го слави својот јубилеј организирајќи збиднување кое ќе опфати два континенти, во рок од 4 седмици. Оваа година „ASOT 550“ тргнува од Белград, кој е првиот меѓу само 6 градови од светот кои ќе бидат домаќини на овој несекојдневен (читај посебен) спектакл! Останатите градови се Москва, Киев, Лос Анџелес, Мајами и Ден Бош.

A State Of Trance во Белград ќе донесе многубројни фанови ширум светот, како што се случи и 2011 година Insomnia Global SEE ја организираше Sensation, исто така во Белград.

Маркетинг

Списокот на DJ-и кои ќе настапат во Белград, ќе ги објави Armin лично во својата емисија на 15 февруари 2012.

Armin van Buuren веќе 4 години по ред е прогласуван за најдобар DJ на листата “DJ Mag Top 100”, ја има освоено наградата за „Најдобро Mix радиско шоу“ на Зимските музички конференции 2006, 2007, 2008, 2009 i  2011.  Armin во најавата за новата турнеја изјавил:

„ Како и годините наназад, сакам да направам се за да ASOT 550 го претворам во првокласен светски настан. Многу се радувам што ќе имам можност да ова доживување го споделам со сите слушатечи, посетители и DJ-и!“

ASOT е екстра популарно шоу повеќе од 10 год. Тоа е еден од најпопуларните, најомилените неделни радиски програми со преку 15 милиони слушатели од 26 земји, преку 30 радио станици ширум светот, било сателитски или интернет радија.

Продажбата на влезниците почнува од 16 декември, по цени посебно прилагодени за фановите од овој регион (што тие знаат за згодна цена на балканов)… Регуларна цена на билетите изнесува 30 eвра, VIP влезниците чинат 80 евра, а Sky Deluxe картите до самата бина изнесуваат 100 евра.

На располагање се продажни места во Србија: благајна на Белградска арена, Ušće Shopping Center и Bilet centar. Сите потребни информации може да се најдат на порталот www.ig-see.com, и на Facebook страницата: facebook.com/ ASOTBelgrade.

Организаторите за концертов во Спортска сала, Белград, најавуваат и изненадување во вид на споецијални гости, кои за сега не сакаат да ги откријат. Инаку не би било изненадување, нели ?!?!?

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button