Апел до Македонците кои живеат во градовите каде што се лекуваат нашинци настрадани во пожарот – „Ако сте близу…“
„Ако ви се блиску болниците до вашето место на живеење, одете накратко, сретнете се со семејствата на децата, понудете им некаква помош, ако ништо друго, поразговарајте“.

Во овие тешки моменти за Кочани, Македонија, а најмногу за семејствата на настраданите во дискотеката Пулс, на социјалните мрежи граѓаните ја покажуваат својата хуманост од час во час.
Овојпат е упатен апел до Македонците кои живеат во некои од градовите каде што има згрижени наши пациенти:
„Ако ви се блиску болниците до вашето место на живеење, одете накратко, сретнете се со семејствата на децата, понудете им некаква помош, ако ништо друго, поразговарајте. Сигурно имаат потреба да поразговараат на мајчин јазик во странска земја“, апелираат граѓани на социјалните мрежи, наведувајќи ја листата на болници каде што има хоспитализирани Македонци.
– Стокхолм, Шведска (Каролинска болница)
– Лезвивас, Белгија
– Астид, Белгија (Воена болница)
– Антверпен, Белгија
– Пиза, Италија
– Милано, Италија
– Маџоре Парма, Италија
– Виена, Австрија (Универзитетска клиника)
– Грац, Австрија (Клиниката за пластична хирургија)
– Вилнус, Литванија
– Каонас, Литванија
– Лежна, Полска (Центарот за третман на изгореници)
– Лублин, Полска
– Будимпешта, Унгарија
– Љубљана, Словенија (Универзитетски клинички центар)
– Марибор, Словенија (Универзитетски клинички центар)
– Истанбул, Турција
– Анкара, Турција („Бликент“)
– Атина, Грција (401 воена болница)
– Солун, Грција (424 воена болница)
– Загреб, Хрватска (Травматолошката болница; Клиника за детски болести)
– Софија, Бугарија („Пирогов“)
– Варна, Бугарија (ВМА)
– Пловдив, Бугарија
– Белград, Србија (Клинички центар; ВМА)
– Ниш (Клинички центар; ВМА)