Кафе муабет

На Инстаграм ја обвинуваат дека изгледа анорексично, но дали е таква и во стварноста?

Advertisement

 

Шарлот Крозби на социјалните мрежи се претставува како девојка која успеала да изгуби 17 килограми и сега изгледа како вистинска Барбика.

Advertisement

 

 

Advertisement

Тоа дека е задоволна од свето тело зборуваат и нејзините фотографии кои постојано ги објавува на социјалните мрежи, а на многу од нив таа е само во костим за капење. Но има и бројни хејтери кои постојано ја критикуваат дека ја промовира анорексијата бидејќи има преку 3 милиони следбеници и го промовира „скини“ изгледот на своите фотографии.

 

Негативните коментари што оваа девојка ги добива редовно на својот профил на Инстаграм зборуваат за тоа дека лошо влијае на младите девојки. Но, интересно е тоа што нејзината линија за некои е преслаба, додека за други пак, таа изгледа топ и има совршена линија.

 

 

Еве како Шарлот изгледа во тесен фустан во пролетна боја…

 

Шарлот борбата со килограмите ја водеше само половина година, кога со помош на личен тренер и со здрав начин на исхрана за многу кратко време успеа да ја доведе својата линија во ред. Таа подоцна ги објави вежбите кои и помогнаа да ослаби на ДВД и тоа преку ноќ стана вистински хит во Велика Британија.

 

 

Што мислите – дали оваа девојка изгледа „скини“ и анорексично, или пак како нормална девојка и сите кои и пишуваат негативни коментари на нејзиниот профил не се во право?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button