Холивуд

Во овој фустан Анџелина Џоли изгледаше сензационално, но сите гледаа во овој детаљ

Advertisement

Кармин и фустан со кои можете да го освои светот

Advertisement

На премиерата на филмот „First They Killed My Father“ во Њујорк прекрасната актерка се појави со татко и Џон Војт и своите деца. Таа за оваа пригода избра посебен фустан од модната куќа Диор, а од модните додатоци носеше само накит, а не претера и со шминката, па така на лицето го покажа нејзиниот убав природен изглед.

Гламурозната креација од шифон и фалти кои се спуштаат до земјата лежерно ја нагласува силуетата, а во горниот дел во фокусот ги става нејзиното деколте, голиот грб и рацете на кои се наоѓаат нејзините прекрасни тетоважи. Имено, актерката на рацете ги има истетовирано географските координати на местата на кои се родени нејзините деца. На грбот покрај останатото се наоѓа и древна молитва на кмерски јазик, службениот јазик во Камбоџа во која што се роди нејзиниот прв посвоен син Медокс. Молитвата, како што вели самата Анџелина, ја истетовирала за да се заштити себеси и синот од несреќи.

Advertisement

Инаку, во новиот филм Анџелина која на премиерата се појави и со впечатлив кармин во боја на циклама, се зборува за теророт на Црвените Кмери, организацијата која од 1975 до 1979 година немилосрдно владеела со Камбоџа. Филмот „First They Killed My Father” е настанат по истоимената книга на писателка и активистката од Камбоџа, Лонг Унг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button