И додека сите ја критикуваат дека е анорексична, ние ќе кажеме дека изгледа фантастично, особено во ова шик деловно издание
Барате совршена инспирација за вашите деловни комбинации?
Тогаш ова елегантно деловно издание на Анџелина Џоли дефинитивно ќе ве освои на прв поглед. Станува збор за комбинација која што познатата актерка ја носеше при посетата на Најроби во склоп на своите редовни визити во рамките на УНИЦЕФ кампањата во Африка. Таа одржа говор пред Интернационалниот центар за мир во главниот град на Кенија, а главна тема беа жените жртви на сексуалното злоставување.
Анџелина за ова пригода избра монохроматска (сафари) комбинација која што ја разигра со едноставна бела маица која што ја носеше ставена во панталоните и елегантните сандали со високи блок потпетици во беж боја. Нејзината ненаметлива фризура, па и суптилната природна шминка се потполно соодветни како за високите температури, така и за самата пригода. Во оваа насока се движат и панталоните со пегла линија на ногавиците и струкираното сако кои се во ппопуларната каки боја која и стои фантастично на актерката.
Што мислите вие?
Необични фармерки кои немаат меѓуножје, а за нив треба да издвоите 30.000 денари!