Анџелина конечно призна – последните 10 години се борам со здравствени проблеми!
Анџелина Џоли ги воодушеви сите кога одлучи целата своја заработка од рекламирање на еден парфем да ја донира во добротворни цели, но и откако отворено зборуваше за нејзиниот приватен живот.
Познатата актерка по разводот со Бред Пит не ја запостави својата хуманитарна дејност, па и понатаму се занимава со проекти инспирирани од нејзините деца и земјите од кои тие потекнуваат. Таа се посвети на проекти поврзани со школувањето, здравството и заштитата на опкружувањето.
Зборувајќи за својот изглед и стравот од стареење, таа покажа голем оптимизам: „Последните десет години од којот живот вклучуваше многу здравствени проблеми, а се фокусирав и на воспитувањето на децата. Единствено среќна сум што сум здрава и што моите деца се здрави, па нема зошто да се плашам“, изјави познатата актерка за магазинот Hello и додаде дека во следниве десет години се гледа како патува низ светот со своите деца и дека се надева некој од нив ќе продолжи со нејзините хуманитарни проекти. „Мислам дека помалку ќе се занимавам со филм, а многу повеќе со моето семејство“ вели таа во интервјуто.
Инаку, Анџелина и по разводот со Бред Пит продолжи со истото темпо со нејзините деловни и приватни планови, и понатаму функционирајќи како задоволна и среќна жена. Но и покрај тоа, по секое нејзино појавување во јавноста, медиумите пишуваат за нејзиниот преслаб изглед, па најверојатно затоа и го даде ова интервју потенцирајќи дека е здрава и дека нејзините обожаватели не треба да бидат загрижени.