Ана Дело Русо ја распродава облеката од својот плакар – ова се најдобрите модели!
Познатата италијанска модна уредника ги здружи силите со „Нет-а-портер“ кои ќе и помогнат да го „испразни“ својот плакар
Ана Дел Русо во својата приватна колекција поседува фантастични парчиња од брендовите како што се Balenciaga, Gucci, Celine, Prada, Louis Vuitton… Таа 150 модели од својот плакар ги стави за продажба преку Instagram Story на интернет продавницата Net-a-porter, a целата заработка ќе биде донирана во „British Fashion Council“ за поддршка на образованието на младите модни таленти. Таа важи за модна икона чиј карактеристичен стил го обожаваат дами од целиот свет, а сега нејзините парчиња и модни додатоци им се достапни на сите.
Цената на моделите ќе се движи од 15 до 700 фунти, а во галеријата погледнете ги најдобрите 10 модели што ги избравме специјално за вас.