Комбинезон + патики – Големо браво за ова издание на Џесика Алба
Едно од најдобрите street style изданија што сме ги виделе во последно време
Џесика Алба, преубавата актерка и успешна деловна жена во последно време е целосно посветена во промоција на нејзиниот бренд Honest Beauty кој постојано го промовира во разни ТВ емисии. Така таа деновиве повторно гостуваше во популарното шоу „Jimmy Kimmel Live“, а она што нам ни го привлече вниманието е нејзината фантастична пролетна комбинација со која се прошета до студиото. Имено, таа овој пат избра лежерен комбинезон во војничка зелена боја кој го носеше во комбинација со класична Louis Vuitton чанта и тренди капут во кафеава боја. Целата комбинација ја „подигна“ со едноставни патики на платформа во сива боја и несредена пунџа која ја носеше високо подигната на нејзината глава.
Најпопуларното парче накит за следната сезона >>
Покрај ова, забележавме дека Џеси носи и големи златни алки – парче накит кое важи за еден од најголемите трендови за 2017.