Џесика Алба има беспрекорен стил
Таа е позната актерка, мајка и успешна деловна жена, но и негувана дама која секогаш изгледа беспрекорно и не дозволува да биде видена несредена. Таа за Нова година го роди своето трето дене, но брзо се врати во форма, а во пресрет на пролетта реши и да се почести со нова фризура.
Џесика овој пат довербата му ја даде на искусниот фризер Чад Вуд кој и ја скрати на средна должина, освежувајќи ја бојата и краевите и покажувајќи дека и мала промена може да направи голема разлика.
Видеото што познатата актерка го снимаше во салонот можете да го погледнете во продолжение