Каков гаф! Актерката на црвениот килим се прошета во проѕирен фустан и машки гаќи!
Моден гаф на кој особено му се радуваа обожавателките на згодниот Џон Сноу од хит серијата Игра на тронови.
Шкотската актерка Роуз Лесли која е позната по улогата во хит серијата „Игра на тронови“ беше во центарот на вниманието на црвениот килим на доделувањето на наградите Оливер во Лондон. Но НЕ поради изборот на фустанот од тил (за кој мораме да признаеме дека и стои одлично!), туку поради долната облека што ја носеше под него.
Имено Роуз под фустанот од Диор носеше спортски боксерки и градник со препознатливото лого на истата француска модна куќа. Таа со овој потег ги подели обожавателите – едни ја критикуваа поради неуспешниот обид да комбинира проѕирни парчиња со долна облека, додека други ги пофалија нејзиниот изглед и самодоверба.
Како и да е, Роуз очигледно не се грижи премногу за своите стајлинзи што потполно ја разбираме бидејќи крај себе го има еден од најзгодните фраери на светот, Кит Харингтон.
На следната страна погледнете како изгледаа и другите дами на овој настан >>