„На 08.04. (петок) 2011 г. Младинскиот културен центар и Канал 103 Ви го претставуваат филмот Ако никој не свири. Филмот на репертоарот на кино Фросина ќе биде до 09.04. (сабота) 2011 година.“
Режија: Ѓорѓи Јаневски
Сценарио: Ѓорѓи Јаневски
Улоги: Васко Атанасоски, Кристина Горовска, Џано Куч, Горан Аргировски, Кирчо Арсовски, Мирко Попов, Ненад Неделков, Сеад Хаџиќ.
Почеток: 20:00
Документарниот филм „Ако никој не свири“ одблиску ги следи почетоците на скопската група „Бернајс пропаганда“ низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол-сцена, на нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.
Во филмот учествуваат: Васко Атанасоски, Кристина Горовска, Џано Куч, Горан Аргировски, Кирчо Арсовски, Мирко Попов, Ненад Неделков, Сеад Хаџиќ.
Сценариото и режијата се на Ѓорѓи Јаневски, камерата е на Бранд Ферро, а монтажата на Благоја Неделковски.„Ако никој не свири“ (2010) е независна продукција на Стотројка – здружение на граѓани за културна иницијатива во соработка со Петра Пан Филм, House 57 и 3X. Филмот беше финансиски поддржан од Македонскиот институт за медиуми и од Про Хелвеција – Швајцарска програма за култура. Минатиот месец „Ако никој не свири“ ја освои наградата за најдобар филм во регионалната конкуренција на петтото издание на фестивалот на документарен рок-филм ДОРФ, кој се одржа во Риека и во Винковци.
Според мислењето на фестивалското жири во состав: Силвестер Колбас, Зоран Жмириќ и Тања Голиќ, „филмот го портретира Васко Атанасоски, лидер на бендот ’Бернајс Пропаганда‘ и неговата фасцинантна енергија, страст и љубов кон музиката. Во 55 минути филм е документиран универзалниот проблем на бендовите и поединците во настојувањето да допрат до публиката и да ја испратат својата порака наспроти игнорирањето на медиумите“.
Во наредниот период филмот ќе има свои порекции во повеќе градови низ Македонија.