Реклама
Дом и семејство

Јас сум мрзлива, себична и невнимателна мајка!

Реклама

majak1

По некое време се научи да кажува и без проблем да ги извршува сите физиолошки потреби, бидејќи тие се природни и не може некој да не ги знае.

Јас сум мрзлива мајка. Во некој момент станав мрзлива за да ги хранам своите деца. По една година им оставав лажичка покрај нив и седнував да јадам. Гледајќи ме и чувствувајќи ја потребата за храна, за неполна година веќе знае и со виљушка да јадат.

Маркетинг

Јас сум мрзлива мајка!

 

Маркетинг

Преку викендите сакам да поспијам наутро. Една сабота кога се разбудив околу 11 видов како мојот двегодишен син гледа цртан и јаде колаче. Сам го вклучил телевизорот и го нашол цедето со цртани. Затоа што имал таква потреба и не очекувал моја помош.

Уште повеќе сум мрзлива за да им ја проверувам училишната чанта на синовите, спортската опрема или да ја пишувам домашната задача со нив. Па, мораат сами да го прават тоа и засега одлично им оди. Така правев и јас како малечка. Мрзлива сум и за да го фрлам ѓубрето од дома, па го фрла постариот син кога оди на училиште. Дури знам и да го замолам да ми свари чај и да ми го донесе пред компјутер. И сето тоа знае да го направи.

Мислам дека со текот на годините ако треба и помрзлива ќе станам.Но, чудесна трансформација се случува кога ќе ни дојде баба на гости. Тогаш децата забораваат сè што знаат, па не сакаат ниту да јадат сами, ниту да се облечат ниту да заспијат ако баба не им подготви сè. А баба баш и не е мрзлива како мене, затоа се менуваат улогите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button