„Јас сум мрзлива мајка. Покрај тоа сум себична и невнимателна. Сакате да знаете зошто?
Затоа што сакам моите деца да бидат самостојни, претпазливи и одговорни. На детето треба да му пружите можност за да ги покаже тие особини.
Работејќи во градинка се нагледав примери на претерана родителска грижа. Но, во сеќавање ми остана тригодишниот Марко.Неговите загрижени родители мислеа дека секогаш мора сè да изеде за да не ослабе. Не знам дома како го хранеле, но кај нас дојде со нарушен апетит. Само џвакаше механички и голташе сè што му се даваше.
Требаше ние да го храниме, затоа што „не знаеше сам да јаде“. Додека го ранев на неговото лице не можев да забележам ниедна негова емоција. Само механичко јадење. А знам дека кашата не беше баш погодена, но тој не изразуваше никаква реакција по тој повод. Знаеше дека мора да изеде сè што е во чинијата. Така е воспитан од дома.
Го прашав: „Ти се допаѓа ли кашата?“ „Не“ – и продолжи да џвака и голта. „Ако не ти се допаѓа не ја јади“ – му реков, онака построго отколку што сум обично. Очите му светнаа од изненадување. Не знаеше дека воопшто има избор да не јаде. По некое време почна да одбира што ќе јаде и да одбива она што не сака да јаде. Стекна самостојност во изборот.
По некое време престанавме да го храниме, затоа што почна сам да јаде, бидејќи храната не е само задолжителна, туку и природна потреба.
Подоцна проблемот беше со одењето во тоалет. Дома го оставале цел ден на нокшир додека не ја заврши потребата, па сега беше навикнат дека треба да чека некој да го однесе во тоалетот, ако не, може и да заврши сè во гаќи бидејќи не знае дека тоа може да го каже пред да се слулчи и да оди во тоалет само кога има потреба, а не да седи цел ден.